Слабеење без леб, благо и газирано – дали е доволно
Епизода 599 – Дали слабеење без леб благо и газирано е доволно?? – прашање поставено од @sandramalevska.
Се разбира дека не! Добрата исхрана, добриот изглед и тоа како ќе се чувствуваш и колку ќе бидеш здрав/а не е во тоа што нема да го изедеш. Добрата исхрана е напротив во тоа што ќе го изедеш.
Храната не ти е непријател. храната е напротив тоа што ти дава гориво. Избирајки добри продукти, внесувајки добра хранлива вредност во твојот ден и со пиење на доволно вода ќе придонесеш во не здебелување. Многу е погрешна стратегијата да барате начин како да ослабнете. Тоа најчесто е на многу краток рок и најчесто се бираат “shortcuts”. Ако бараш начин како да не се здебелиш, како да имаш доволно енергија и како да одржуваш добро здравје, тогаш си победник. Само така ќе прифатиш дека на долг рок треба да воспоставиш добар начин на живот. Многу е едноставно.
Тајната
Ако исфрлиш леб или благо не значи дека телото ќе биде задоволно и нема да создава нови масти. Тајната е да најдеш начин како да не се појавуваат кризите за благо, тесто, грицки итн. Колку и да стегаш заби и да се зарекуваш дека нема повеќе да јадеш, кога тогаш ќе бидеш победен од потребата на твоето тело.
Мојата филозофија е појадок во првиот пола саат до саат од будење. Потоа имам оброци на 3-4 часа, пијам вода и сум умерено активен. И не е дека ги рушам моите лимити и давам нешто максимум кога вежбам, но и немам некои високи цели. За еден добар изглед и добра енергија тоа е сосема доволно. Ако ти треба точно подобри и поконкретни насоки за твојот ден, твоите цели слободно обрати ми се назад и пиши ми или приклучи се на школа за исхрана и реши го овој проблем за секогаш.
Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.