автофагија

Автофагија

Што значи автофагија

Епизода 676 – колку пати неделно е препорачливо да се применува автофагија? Дали времето кога треба да се престане со храна е фиксно или зависи од времето на станување, спиење и.т.н.? Целта ми е да го прочистам организмот бидејки 2 -3 месеци бев подложена на ресторантска храна и fast food и сакам да ги изгубам тие 3-4 килограми што ги наталожив. – прашање поставено од Даниела Лазевска.

Автофагијата не процес и не е начин како треба да ослабнете. Автофагијата не е нешто што придонесува за слабеење затоа што автофагијата пред се е начин како телото рециклира. Ги искористува оштетените и непотребните клетки, протеини и метаболички остатоци. Всушност ги користи како храна и гориво и ги регенерира здравите клетки. Така најнародски би го објаснил, но инаку се работи за многу сложен процес и научниците кои што го открија имаат добиено и Нобелова награда за медицина.

Телото масните клетки не ги препознава како нешто што е оштетено или непотребно. Не е нешто што треба да го рециклира и да го искористи во процесот на автофагија. Слабеењето и топењето на масти многу пати наназад сум го зборувал како тема. Стратегијата треба да ви биде да не се здебелувате. Треба да си воспоставиш еден начин на исхрана кој што ќе придонесува доволно енергија и несоздавање на масти. За мене тоа е појадок во првите 30 до 60 минути, оброци на 3 до 4 часа и доволно вода. Тоа е една добра основа за да потоа да можеш да експириментираш и со некои поекстремни диети.

Како да го создадеш овој процес и колку пати годишно е препорачливио

Автофагијата е одлична и еден од начините како можеш да ја направиш и создадеш е со фастинг, но фастинг од 16 часа не значи дека сигурно обезбедува автофагија. Вистинска автофагија е постење од минимум 36 часа каде што ќе имаш само вода. Се смета и дека консумацијата на црно кафе без шеќер поттикнува автофагија во тој процес од 36 часа. Не се препорачува да бидеш во оваа состаојба повеќе од 72 часа. И можеби е најдобро да го направиш во консултација со доктор доколку вистински ти треба. Постење од 36, 48 или 72 часа не би требало да го прави секој.

Ако во тие 36, 48 или 72 часа имаш динамични денови полни со обврски прашање е дали е добра стратегија да поттикнеш автофагија. Дефинитивно на телото многу добро му годи. Она што го сретнав како податок е дека 2 до 3 пати годишно е сосема во ред да се прави и им помага на метаболичките процеси и го забавува стареењето. И за крај повторно да напоменам дека е далеку од стратегија за слабеење. Немој да ја користиш како стратегија за топење масти затоа што ќе си направиш многу поголем проблем отколку што ќе видиш бенефит.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.