апетит во лето

Апетит во лето

Зошто губиш апетит во лето

Епизода 635 – зошто губам апетит во лето и на жешко време? – прашање поставено од @angelinaeuler

Oва е многу честа појава кај многу од нас и повеќето размислуваме само на ладна вода, некое овошје и сладолед :). Истото се случува од причина што телото троши огромена напор да се’ излади и да си ги одржува виталните функции во нормала. Особено кога температурите се над 30-тиот степен тоа е многу поизразено.

И тебе ќе ти звучи логично дека при обработката и дигестијата на храната се ослободува топлина. Тоа значи дека телото троши напор и најчесто како заштита за тоа знае да ги регулира хормоните што иницираат глад или ситост за да се потисне апетитот. На тој начин ќе се заштити од дополнително прегревање и по автоматизам ќе биде сигурно за бесбедноста на највиталните функции и приоритетите во телото. Од друга страна, летно време знаеме дека е доста поизразено потењето. Со потењето се губат доста витамини и минерали кои што дополнително иницираат намалување на апетитот.


НАПРЕДНА И ОЛЕСНЕТА ХИДРАЦИЈА


Како да се заштитиш

Она што јас би те советувал е да внимаваш со водата односно хидрирај се редовно. Тоа значи на 25 килограми телесна маса треба литар вода да пиеш. Значи ако имаш 50 килограми баем 2 литри вода да пиеш дневно. Ако одиш по таа математика и си дисциплинирана ќе ја зачуваш хидратацијата. Исто така гледај да бидеш во простории кои што се климатизирани. Иако може некои од вас имаат предрасуди кон климатизерите, дефинитивно е докажано дека најдобрата температура за телото е 23 степени. Ова е особено важно за луѓе кои што можеби се повозрасни, односно над 60 години затоа што нивното тело троши дополнителен напор за да се излади и за да не ги загрозува виталните функции. Затоа не се плашете од климатизерите туку гледајте да бидете во просторија која што има добра температура и добро хидрирајте се со пиење на вода.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.