биолошки часовник

Биолошки часовник

Синхронизирај се со твојот биолошки часовник

Биолошки часовник е оној што е одговорен за повеќе аспекти на функцијата на органите. За протокот на крв и за циклусот на спиење. За контрола врз човековиот биоритам, главната точка на хронобиологијата.

Дознајте кога е најдобро време да се будите, да јадете, да работите, да вежбате, да се одморате и да спиете. Тоа ќе ви донесе оптимални перформанси и благосостојба.

Голем дел од процесите кои се од физиолошко и нутритивно значење за телото имаат циркаден ритам. Тоа значи дека се случуваат во циклус од 24 часа. Главниот часовник (супрахијазматичното јадро во хипоталамусот) и периферните циркадни часовници што се наоѓаат во речиси сите органи и клетки ги контролираат циркадните ритми на телото.

Временско разидување

Во денешново современо општество постојат многу надворешни фактори што може да влијаат врз синхронизацијата со внатрешниот часовник. Oд екстремни активности како што се: ноќна смена на работа или патување на места во различни временски зони, до не толку екстремни, но чести причини како што се: изложеност на светлина навечер, нередовни оброци, или станување и легнување подоцна за викенди. Сето тоа подразбира разидување на внатрешниот часовник на телото со часовникот за социјален живот.

Временски распоред на исхраната

Времето кога јадеме е исто толку важно колку и храната што ја јадеме. Аспекти што влијаат врз внатрешниот часовник се: колку редовно јадеме, колку често јадеме и кога јадеме. Корисни и основни совети како да ја синхронизирате исхраната во текот на денот со биолошкиот часовник.

  • Почнете го денот со здрав и комплетен појадок
  • Јадете 3 главни оброка и една или две здрави ужини ако имате потреба.
  • Ако е возможно, испланирајте оброци за целиот ден и избегнувајте да ги прескокнувате главните оброци.
  • Урамнотежете ги оброците. Избегнувајте ужина што содржи шеќери бидејќи има мала нутритивна вредност, а содржи голем број калории.
  • Убаво испланирајте го распоредот за јадење. Избегнувајте да го одложувате времето за ручек.
  • Јадете редовно. Направете си свој план и држете се до него што е можно повеќе.

Како да ги усогласите дневните обврски

Тајмингот е важен и не се однесува само на времето за будење. Ако јадете, работите, вежбате, се одморате и спиете во погрешен период од денот, може да ја нарушите својата рамнотежа. Горенаведената шема за организација на времето е дадена како генеричка почетна точка. За да си создадете идеални навики ќе треба да ја прилагодите на својот начин на живот и потреби за исхрана. Бидете добри кон самите себе и правете промени постепено. Ако се обидете да направите драстични промени, тоа ќе ви дојде како шок и нема да може да создадете долготрајни навики.

Придружи ни се во школа за исхрана и среди си ја исхраната засекогаш!

Остави коментар

Your email address will not be published.