веганство и вежбање

Веганство и вежбање

Дали веганство и вежбање е комплицирана равенка

Епизода 665 – дали може да позборуваш за веганство и вежбање? – прашање поставено од @dimulkova

Марија не знам дали бараш потврда за тоа дали веган може да вежба или пак бараш совети и насоки како тој што вежба и е веган да ја среди исхраната. За првото прашање иако претпоставувам дека ти е познато, сепак уште еднаш ќе потврдам дека веган може да вежба. Нема тука ништо спорно и ништо штетно за што е потребна дебата. Од другата страна, најголемата замка за луѓето кои што се вегани и коментарите што ги добивате од околината, се поврзани со тоа дека веганот не јаде доволно протеин. Следствено, ако вежба нема да има добра регенерација на мускулната маса.

Тоа е голема глупост, затоа што веганството не подразбира дека не постои начин да се задоволи телото. Може да ги задоволи потребите и за масти и за протеини. Телото генерално не препознава од каде доаѓаат неговите хранливи вредности. Оно знае дека денес му треба кислород, вода и хранливи вредности. Дали кислородот ќе биде дишен покрај море, дали ќе биде од Маврово, Попова Шапка или незнам од која локација од земјава не е битно. Исто и со водата. Не го интересира од каде доаѓа. А така е и со хранливите вредности. Едноставно не го интересира од каде доаѓаат. Единствено што го интересира телото е да влезат во метаболизмот.

Затоа дали ќе избира човек храна само растително потекло, или комбинација некаква, дали ќе прави кето е со помала важност. Идејата е да препознаеш кој начин на исхрана одговара најмногу за тебе.

Зошто постои дилема околку вежбањето

Во некои случаи е многу подобро да бидеш веган, затоа што веганството по автоматизам повлекува и внес на поголемата количина на јаглехидрати. Тие се добри на пример за тежински тренинзи. Така човек ќе има доволно гликоген во неговата мускулна маса и дополнително тој гликоген ќе помогне во регенерација и во градење на нов мускул. Секако протеинот сам по себе не е доволен за градење на мускулна маса.

Од друга страна протеинот не значи дека нема да го внесеш во доволни количини. Има многу начини како да го внесеш во доволни количини. Прави различни комбинации на растителни протеини и ќе успееш. Единственото прашање е дали како веган ти успеваш да му донесеш на телото се што му треба. За после вежбање, барем во денешни услови имаме начини и како да внесуваме протеински прашоци кои што немаат никакви животински потекла во нив.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.