вежбање после царски

Вежбање после царски

Кога е најдобро време да почнеш со вежбање после царски?

Епизода 721 – пред шест месеци се породив, па дали овој период е доволен за да можам да почнам со вежбање после царски? – прашање поставено од Валентина.

Валентина, ова прашање најмалку знаев да ти го одговорам. Тотално ми е непознат целиот процес иако го имам гледано кај мојата сестра во два наврати. Сепак, и покрај малите познавања одговорот ќе беше негативен од мене. Пред се’ би те советувал да се советуваш со твојот гинеколог и доктор, а потоа да читаш информации од интернет.

Истовремено, за да не те оставам без никаков одговор или да заврши со “не знам”, се обратив кај Дијана. Тоа е моја пријателка и тренер во кој што имам голема доверба и има големи познавања. Нејзиниот одговор беше дека најмалку 9 месеци не треба ништо да правиш. После 9 месеци од царски, можеш да почнеш во седечка позиција со вежби за раце и горен дел, но никако да не го чепкаш стомакот.

Ризиокт и логиката во оваква ситуација

И нејзината логика и медицинските советеи се дека следната бременост после царски се препорачува да биде дури откако ќе поминат 2 години. Па така, кога тоа е препораката за следна бременост, тогаш можеш да замислиш дека веројатно истото важи и за вежбањето особено на стомачни. Сепак се работи за покомплексен зафат и зафат во кој што ти се отсекуваат сите мускулни влакна. Потребно е време за да се случи таа регенерација и не би те советувал да ризикуваш.

Нема потреба да брзаш и да бидеш панична, бидејки и година, па дури и две години да си без вежби за стомачни не е некој голем период. Има начини како да останеш во добра кондиција. Не мора да изгледаш совршено, но можеш да имаш еден оптимален и обем и процент на масти и килограми. Почни со исхраната и тоа е 80% завршена приказна. Ако не знаеш од каде да почнеш приклучи ни се во школа за исхрана и реши си ја исхраната засекогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.