вечерни напади на кујна

Вечерни напади на кујна

Дали ти се случило да станеш од спиење и да имаш вечерни напади на кујна?

Спиењето и јадењето обично се тотално различни активности и никогаш не одат заедно, но вечерни напади на кујна не се реткост. Јас познавам луѓе на кои им иде да ги прават двете нешта наеднаш :). И не се работи за коцка чоколадо или неколку крекери. Обично тоа изгледа како манијакален напад на висококалорична храна. Дури имам и искуство со еден клиент кој не се сеќава на тие моменти. Едноставно станува наутро и наоѓа хартии, пакувања, садови или дамки на облеката од ноќното јадење.

Конкретно кога ќе станеш навечер да јадеш, без разлика дали е свесно или несвесно, внесуваш вишок на калории. Кога разговарам со луѓе што стануваат навечер да јадат не секој од нив ми кажува дека се работи за глад. Едноставно некои луѓе јадат навечер само за да би можеле да се вратат во кревет и да заспијат. И доколку се наоѓате во ова, треба да знаете дека јадењето всушност нема врска со полесно заспивање доколку сте се разбудиле среде ноќ. Едноставно сте развиле таква потсвесна навика дека после јадење можете повторно да заспиете. Промени го, па макар и на сила и со инат!

Неадекватно спиење исто така може да води до дисбаланс на хормоните за глад. Лептин е хормон кој што го лачат масните клетки и неговата задача е да ти каже кога си полн. Проблемот е што кога не спиеме доволно или кога спиеме немирно, нивото на хормонот се зголемува и со тоа потребата за храна и напади за јадење.

Решението

Доволно спиење и добар сон се важни и потребни доколку сакате да не се јавува овој проблем. Еве неколку совети кои можеби ќе ви помогнат да го решите овој проблем:

  • Вежбањето помага побргу да влегуваш во длабоки сонови и да не се јавува будење и станување за јадење.
  • Атмосферата е исто така важна. Галама, гужва, светло, температура се исто така носители на лош сон и често будење.
  • Големо количество на кофеин и алкохол исто така го нарушуваат спиењето.
  • И на крај тргенете се подалеку од лоша храна. Многу шеќери и мрсна храна особено навечер кога сме прегладнети придонесуваат за лоша дигестија и мачнини кои водат до будење.

И се разбира не се чувствувај лошо да побараш помош. Дојди на школа за исхрана и реши го овој проблем засекогаш.

Остави коментар

Your email address will not be published.