вештачки засладувачи

Вештачки засладувачи

Дали сите вештачки засладувачи се добра замена на шеќерот

Епизода 648 – кои вештачки засладувачи се опасни за организмот и која е дозволената количина за внес? – прашање поставено од @blazevskirobert

Мислам дека “опасни” е прејак збор за да се искористи. Дефинитивно многу од прехранбената индустрија денеска користи вештачки засладувачи како замена за шеќерот. Јас секогаш велам дека не е решението да земеш продукт со вештачки засладувач. Така само ќе ја задоволиш потребата за благо, но вистинскиот проблем пред се е самата кризата за благо. Не треба да се појавува воопшто. Не треба да има падови и скокови на шеќер во крв и прво тоа треба да се регулира.

Но, еве ако претпоставиме дека тоа е регулирано во тој случај вештачките засладувачи повторно не се најдобрата опција. Причината е тоа што се повеќе науката има сомнеж дека ја нарушуваат микробиомата, односно дигестивниот систем не баш добро се снаоѓа и не е баш добро да ги има вештачките засладувачи во дигестивниот тракт. Дали можеби има некои лимити и граници во кој што треба да ги внесуваш не знам. Го немам тој податок искрено.

Безбедни засладувачи

Она што дефинитивно знам е дека стевијата е со сигурност добар, но од друга страна на многу луѓе не им ја дава таа блажина што ја сакаат. Едно нешто што мислам дека во следните неколку години ќе биде голем бум и трендинг е полиоли. Тие дефинитивно и се подобри на вкус и дефинитивно науката вели дека не гледа некакви последици и нема закани за здравјето на дигестивниот систем. Затоа полиолите се еден засладувач кој што се’ повеќе ќе го слушаш и доколку го среќаваш јас би ти дал зелено светло да го користиш.

За другите немам граници, но тука ти се генерално аспартам, гзилотол и некои други вештачки засладувачи и шеќерни алкохоли. Подобри се од шеќерот, но дефинитивно не треба да сме среќни ако ги користиме и дека ќе ни помогнат за здравје.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.