висок крвен притисок

Висок крвен притисок

Што може да биде причината и решението за твојот висок крвен притисок?

Епизода 727 – Каков тип на исхрана и продукти ќе помогнат за регулирање на висок крвен притисок? – прашање поставено од Спасе.

Многу е жално што во денешни услови луѓе земаат превентивно апчиња за не се покачи притисокот. Никој не зема во предвид дека превентивно треба да го смени начинот на живот за да не дојде до покачување на крвниот притисок. Тоа ви е буквално како дома да инсталирате против пожарен систем и да ви е пуштен константно. Тоа значи константно да врне во вашиот дом за случајно да не настане пожар. Многу често луѓето така живееме во секојдневието.

Ќе си речеш “дај јас превентивно да си земам некакви апчиња и додатоци во исхрана, ќе пијам витамини и минерали” за да си ги перам гревовите. Едноставно не сакам да превземам одговорност дека треба малку потемелно да пристапам во менувањето на навиките и мојата исхрана. И затоа овде немам да ти дадам друг совет освен да ја смениш исхраната. Број еден причинител за покачен крвен притисок е вишокот на тежина. Разговарав со мој пријател кој што беше на студии по медицина во Ниш па специјализација за кардиологија. Драган кажуваше дека кога во телото ќе се создаде 1 килограм на нови масти, тоа значи дека се создаваат нови масни клетки. Бидејќи нашето срце има задача да донесе крв до секоја една клетка, ќе изгради 3 километарска нова инфрастуктура од капилари. Негова цел е да допре до секоја наша масна клетка која што е нова инфраструктура во телото.

Решението на коренот ти е пред носот

Замисли ти кога ќе имаш 10 килограми вишок. Тоа значи дека во телото ќе се изградат нови 30 километри кардиоваскуларна мрежа. Замисли кога ќе имаш 20 кг вишок. Тоа се 60 километри. Во такви услови нормално е дека срцето ќе удри силно за да ја опслужи таа нова километража. И така се создава најчесто висок крвен притисок.

Покривањето на симтомите не е никогаш решение. Со терапијата ќе ги превенираш симтомите но не го решаваш проблемот. Со тоа ќе повлекуваш други проблеми. Затоа не би ти кажал никаков совет или продукт туку би ти го кажал она што константно го кажувам. Треба да воведеш појадок во првиот пола саат до саат од будење, да воведеш редовност на оброци  на 3 до 4 чаца, да пиеш доволно вода, да имаш некаква физичка активност барем пешачење.

Премногу често луѓето се фокусираме како да го решам проблемот, а не гледаме како да не се создаде. Имено, еве и ова ни е многу добар учител со новава ситуација со корона вирусот. Премногу здраво за готово ги зимаме работите и некогаш не размислуваме дека може да се случи нешто кое што ќе ни ги испромлематизира работите и квалитетот на животот.

Ако не знаеш од каде да почнеш дојди на школа за исхрана и среди ја исхраната за секогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *