вода и целулит

Вода и целулит

Вода и целулит – дали пиењето повеќе вода ќе ти помогне

За вода и целулит не сум зборувал еднаш. Целулитот ако не се лажам беше опфатен минатата или пред минатата недела. Зборував на темата целулит, односно дали може да го снема за секогаш и што може да му влијае за да се намали. Но, кога се работи еве за пиење на вода, се разбира дека е важна и потребна. Едноставно сите процеси во метаболизмот се одвиваат во присуство на вода и се разбира дека недоволното пиење ќе придонесе за пореметувања. Интересно е што всушност денес не зборуваме за колку е важно да се пие туку што ќе се случи ако се пие повеќе од потребното.

Што значи повеќе

Имено денес се’ повеќе луѓе имаат тенденција да претеруваат со внесови на одредени продукти или групи на вредности. Ќе прочитаат наслов за напиток што помага во топење на сало и ќе се претурат :). Или ќе прочитаат за некаков “најјак” антиоксиданс и сметаат дека ако испијат дупло повеќе ќе бидат дупло поздрави. Но, работите не функционираат баш така.

Претераното пиење на вода може да ти придонесе за дополнително да покачиш масти и целулит. Водата може да се врзе во масти и целулит во случаеви кога исхраната не ти е средена. Ако ти не смениш ништо во исхраната и понатаму продолжиш да си внесуваш процесирана храна, грицки, пецива, благо, сокови, енергетски пијалоци ќе придонесеш за поголеми внесови на натриум. Вишокот на натриум како минерал во телото, односно содиум и внесување на повеќе сол придонесува за задржување на течности,односно да се врзува повеќе вода во телото. Со тоа ќе имаш поголеми естетски контра ефекти при појавата на целулит.

Така да претерано во никој случај! Не постои продукт кој што треба да се внесува претерано или премалку. Затоа она што константно го зборувам е баланс. Немој да се осудуваш да пиеш повеќе вода и да претеруваш од тоа што реално ти е потребно.

Епизода 621 – дали претераното пиење вода помага за да се намали целулит? – прашање поставено од @ilinabruh

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.