вода ѓумбир и лимон

Вода ѓумбир и лимон

Пауза од рутината со вода ѓумбир и лимон

Епизода 736 – дали треба пауза при конзумирањето на топла вода ѓумбир и лимон наутро? – прашање поставено од Александра.

Не знам дали ја бараш паузата бидејки ти е досадно или ја бараш паузата бидејќи сметаш дека не е во ред да го имаш на долг рок.  Моја претпоставка за твоето прашање е на друго место. Обично луѓето кои консумираат одредени напитоци за кои имаат очекувања дека ќе ги слабеат, најчесто ги сметаат како напитоци кои после одреден период ќе прават и штета. Ако гледаме историски наназад тоа е многу логично.

Медиумските влијание и тие од околината често ни промовираат продукти за слабеење. Ни се создава перцепција дека пиејќи го, се иницира процес што прави слабеење и топење на масти. Тоа во исто време ни прави логика дека најверојатно има некаква хемија и на долг рок не е добро да го консумирам. Баш поради ова постои овој стереотип.

Вистината

Прво и најосновно треба да станеш свесна дека продукт нема да ти реши проблем. Не постојат топачи на масти, детоксикатори или продукти кои што слабеат. Детоксикатор е самото наше тело и механизмите на црниот дроб кои што секојдневно  те детоксицираат. Луѓето ги земаат различните напитоци на кои има етикета дека прави детокс за да си ги перат секојдневните гревови за јадењето на глупости. Тоа е многу погрешна стратегија.

Друга работа, топењето на масти не се случува поради консумирање на продукт туку поради практикување на одредени навики. Топачите кои многу од нас ги користат пред вежбање со цел согорување на дополнителни масти се само привидност. Суштината нивна е дека поради содржината на кофеин и одредени билки ќе ти дадат повеќе енергија. Така ти ќе дадеш повеќе максимум на тренингот и на тој начин ќе потрошиш повеќе калории. Не поради самата консумација на продуктот.

Со вода со ѓумбир и лимон се стартува денот бидејќи многу луѓе слушнале дека е топач на масти и е детоксикатор. Едноставно тоа не е така и не можеш да го оквалификуваш како таков. Не дека е лош. Супер е ако ти годи како навика, но немај никакви очекувања.

Тоа е само додаток во твојот ден. Дали треба да го прекинеш, јас не гледам причина. Се работи за два одлични продукти. И лимонот и ѓумбирот се одлични извори на влакна и на многу микронутриенти. Нема потреба да правиш никаква пауза ако ти е вкусно и ти годи секое утро.

Ако целата идеја за добра исхрана ти изгледа конфузно, тогаш дојди на школа за исхрана и среди ја засекогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *