гејнер или протеин

Гејнер или протеин

Гејнер или протеин – што е подобро за покачување килажа

Епизода 626 – што е подобро да користам за да покачам мускулна маса, гејнер или протеин? – прашање поставено од @marteeen024.

За цел и желба да покачиш килограми, правилото е дека прво и основно мора да покачиш внес на калории. Барем 1000 од тоа што реално на твоето тело му треба. Кога зборуваме за суплеметнација не знам зошто ме прашуваш дали протеин или дали гејнер мас. Гејнерот е начин како да си помогнеш да ги внесуваш тие вишок на калории што ти се потребни во пократок период. Јас не би размислувал дека ако земам протеин тогаш не би земал гејнер и обратно.

Ако веќе користиш суплементација слободно користи ги и двете како начин да го поедноставниш и забрзаш процесот. Но, доколку од други причини или финансиски пречки треба да избереш едно од тие две, тогаш јас би рекол да земеш протеин. Качувањето на мускулна маса и на килажа во најголем дел од случаевите е поддржано и треба да биде поддржано со вежби со тежини. Таквите тренинзи е добро да бидат суплементирано и со протеински додаток, односно прашок. Истиот е важен веднаш после тренингот.

Зошто прашок

Кога внесуваш протеински прашок веднаш после тренингот времето на обработка е пократко. Така, доаѓањето до мускулните влакна и нивната регенерација е многу побрзо. За разлика од тоа ако јадеш можеби класичен оброк како на пример месо времето е многу подолго. Ќе му треба обработка од 2 до 3 часа. Додека амикониселините стигнат до мускулите веќе ќе биде малку доцна.

Затоа ако бираш помеѓу едното и другото нека биде протеин, а мојата препорака е да ги имаш и двете. И се разбира немој и ти да паѓаш во таа замка дека ова се двата продукти кои што се клучните за да ти донесат повеќе килажа во мускул. Овде се’ работи за начинот на исхрана. Многу често луѓето сме читачи на наслови, Ќе прочитаме за најјакиот аксиоксиданс, или дека топла вода со ѓумбир топи масти, или дека гејнер мас и протеин ако користиш ќе покачиш на маса и најчесто се потпираме на таква изјава или на таков наслов.

Не постои продукт што покачува мускулна маса туку постои начин на исхрана, а ова е само суплеметација и начин како да поедноставиш и да си го забрзаш процесот.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.