Дали претеруваш со сол

Дали претеруваш со сол

Како да препознаеш дали претеруваш со сол?

Епизода 612 – кои се знаците во кои што ќе препознаеш дали претеруваш со сол? – прашање поставено од Оливер.

Еден од првите симптоми најчесто среќавани и најчесто зборувани се покачениот крвен притисок. Можеби кај младите оваа појава не е честа. Обично се појавува кога ќе дојдеме до одредена возраст (35+) каде што веќе имаме акумулирано историја на претерано јадење на сол. Тогаш, најверојатно ќе почне да се јавува висок крвен притисок поврзан со прекумерниот внес на сол. Еден друг сигнал и знак е појавата на едема. Тоа всушност е она отекување на екстремитетите. Рацете и нозете се оние делови од телото кај кои најмногу може да се јави ова отекување. Може исто така да се појави и чувството на голема жед или пак да го губиш апетитот доколку храната нема доволно сол.

Што да превземеш

Решението за ова е едноставно твоја одлука. Реално, не постои никое друго решение – апче или терапија. Барем јас не познавам. Постепеното намалување на сол значи дека ќе придонесеш можеби овие појави да се тргнат. Сепак, потребно е време ако веќе ги чувствуваш симптомите на прекумерно јадење на сол.

Од друга страна и премалото јадење на сол може да придонесе за висок крвен притисок. Затоа немој да мислиш дека комплетно исфрлање на сол е добра одлука. Добрата исхрана не подразбира да исфрлаш нешто комплетно, туку да го јадеш умерено во границите кои што се потребни. FDA, односно Американската асоцијација за лекови и храна вели дека 2.4 милиграми на содиум (6гр сол) во текот на денот е сосема доволно и таа е некоја граница. Тоа е малку повеќе од 1 кафена лажица. Ти секако ќе внесеш натриум (сол) и од други продукти кои што ги внесуваш во текот на денот и преку растенијата.

Бидејќи нема логика да вагаш и броиш по цел ден, гледај полека да кратиш од додавањето на сол. Скрати од консумирањето на процесирана храна и грицки кои што содржат голема количина на содиум односно на сол. И се разбира приклучи се на школа за исхрана доколку ти треба помош да си ја средиш исхранта за секогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.