дали работата те здебелува

Дали работата те здебелува

Се вработи со помалку килограми од сега – дали работата те здебелува

Повеќето од нас на прашањето дали работата те здебелува одговараат потврдно, но вината ја префрлаат на седечката работа. Во мојата историја на работни искуства до сега, една од најчестите појави за пауза била реченицата: “дечки, одам јас до доле ќе земам за јадење сакате ли и за вас да купам?”. Најчестиот оброк во тие случаеви било некакво пециво или брза храна. Некогаш не сум ни сакал да јадам можеби, но сум бил гладен и сум немал многу опции да избирам. Што јадат сите, тоа и јас. Наједноставно :). Иако знаев дека ќе ме фати киселина или ќе ми биде мака, сепак ме убиваше мирисот и веднаш се уклучував во тимот за појадок.

Една друга честа појава беа разни слатки и солени пакувања во фиоките и во кујничките. Тие беа многу често оставани од колегите и од мене со назнака “за секој случај”. Да не ми падне шеќерот :). А бидејќи шеќерот паѓаше речиси секој ден, истите беа надополнувани редовно. За секој случај :). Многу од вас кои што го читате ова сум сигурен дека сеуште живеат така. И, тоа е најдобар рецепт за сигурно и стихијно таложење на килограми. Храна што ни е на дофат е секогаш најдобрата опција, а на дофат ставаме храна што е брз дофат на шеќер за моето тело и мозок. Едноставно мојата потсвест секогаш ми велеше, стави нешто при рака, можеби ќе притреба подоцна.

Што друго го сочинува проблемот

Слатките и грицките на работно место се само дел од проблемот. Работното место често знае да биде минско поле со искушенија, затоа мора да имаме добра одбранбена стратегија. Тргнете ги од дофат и од глава “лошите” продукти и како алтернатива обезбедете здрави опции на бирото, фиоките и во фрижидер. Ако на дофат имате здрави опции, најверојатно барем 2 од 5 пати нема да одите “со сите” во кујната или надвор да јадете. Тоа значи дека нема да потпаднете под влијание и да изедете нешто што ќе ви донесе вишок килограми. Овде имаш практични совети како да се спремиш и организираш со оброци.

Машините за слатки и грицки исто така може да бидат закана, особено во попладневната криза пред ручек и пред да си одите од работа. Затоа, тоа е уште една причина да обезбедите на дофат поквалитетни опции (јатки, овошје, протеинско чоколатце, варено јајце, јогурт…). Навистина ако си направите добра организација (уште од вечер) можете целиот ден да го обезбедите со здрави оброци. И следниот пат кога ќе се сретнете со понуда и имате блиска средба со нездраво парче храна поставете си го следното прашање: “Дали ако не ми е на дофат, ќе одам да го купам истото ова?” Среќно! 🙂

Остави коментар

Your email address will not be published.