дамки и кршливи нокти

Дамки и кршливи нокти

Дамки и кршливи нокти – што ти кажуваат овие сигнали

Дали некогаш си се соочил/а со дамки и кршливи нокти? Дали се листат лесно и никогаш не можат да пораснат како што треба? Ако одговорот е ДА, тогаш не се секирај не си сам/а. Има многу начини како да ги камуфлираш и да ги направиш најубави. Одиш во салон и моментално се ослободуваш од проблемот. Но, дали знаеш дека неколку навики може да ти помогнат вистински да направиш разлика?

Јади правилно

Исто како нашата кожа и коса, здравјето на ноктите е поврзано со исхраната. Ако твоите нокти се слаби и кршливи, тогаш мора да се замислиш колку протеин и калциум внесуваш. Доколку подетално те интересира исхраната за нокти можеш да изгледаш една епизода што ја направив пред 2 години, каде што доста возбудено ќе ти објаснам за нив :). Ноктите се изградени од протеин, па недоволниот внес ќе резултира со здравјето на твоите нокти. Ако времето ти е проблем инкорпорирај протеински шејкови како помош во исхраната, но во исто време внесувај протеин и од јајца, месо, риба, мешунки (грав, грашок, боранија, леќа) и јатки. Може да постојат и други причини со кршливоста . Затоа обрати се’ кај доктор доколку се’ сомневаш на твојата циркулација или некои хронични проблеми.

Редовно одржување е клуч

Редовно сечење на нокти ќе ви помогне да бидат јаки. Кога ќе дозволиш ноктите во континуитет да растат без сечење, ќе имаат тенденција да бидат груби и остри. Кога ќе почне ова да се случува, многу се големи шансите да почнат да стануваат кршливи и слаби. Замисли ги исто и како твојата коса. Редовно кратење ќе ги тргне слабите, оштетени делови на врвовите.

Влажност и нега

Исто како и твојата кожа, и ноктите може да станат суви. Освен што пиењето вода е најважниот фактор, користење на хидратантни креми ќе ти помогне во таа цел. Најдобро е да се користат креми кои што во својот состав имаат алое вера или маслиново масло. Не заборавај да ги намачкаш заедно со рацете пред спиење и обавезно после миење на садови или перење на рака :).

Одмори ги

Повеќето жени се зависни од козметирачи и посета на салони :). И се разбира се користат најразлични третмани, надградби, доградби, бои додатоци за нокти со цел да се добие по некој поглед и комплимент. И тоа е сосема во ред и разбирливо, но од време на време дадете им одмор на вашите нокти. Повторно, слично како и вашата коса, после многу фарбања, изложувања на големи топлини и слично потребен е одмор.

Остави коментар

Your email address will not be published.