двопек

Двопек

Што е подиетално – двопек или бел леб

Епизода 674 – минатиот викенд добив прашање од учесници на школата за исхрана дали двопек е подобра опција од лебот за слаабеење.

Одлучив да одговорам овде затоа што знам дека многу од вас се мачат и го имаат истото прашање. Многу често двопекот го слушаме во диети. Многу често двопекот го слушаме во стратегии за слабеење. Повеќето од вас сметаат доколку го јадат, дека направиле одличен придонес на процесот на топење на масти. Но, тоа нема никаква врска.

Ако некој од вас ме следел  од порано и ме слушал во епизодата за сушено овошје, таму зборувам дека сушеното овошје има многу повеќе калории и шеќер од истото овошје ако зборуваме за иста грамажа. Причината е тоа што сушеното овошје е истото овошје само што му се собира водата односно е дехидрирано. Сега тие 100 грама станале 20 грама, но имаат исто толку шеќер како што има стандардното овошје. И ако гледате 100 грама на сушено и стандарно овошје разликата е голема.

Што се случува кај двопекот

Истото е и со двопекот, односно со лебот. Двопекот се добива од белиот леб, а знаеме дека белиот леб нема сложени јаглехидрати и често се плашиме од нив. Тогаш, зошто го прифаќаме двопекот кој што е само дехидрирана верзија на бел леб? Истата грамажа на двопек и бел леб ќе биде во голема разлика на калории, а тоа значи дека двопекот ќе има повеќе калории од стандардното парче на бел леб.

Така да немојте да се лажете. Единствено доколку се работи за интегрален леб и пецива од брашо од цели зрна, тогаш и двопекот ќе биде подобар. Единствен бенефит на двопекот е тоа што има подобри влакна односно “попријателски” јас би ги рекол. Дигестивниот систем може полесно да ги обработува. Затоа многу често луѓе кои што имаат дијареа или стомачен вирус користат двопек. Тогаш помага, но дека ќе ви помогне во слабеењето или дека е подобра опција од стандардно парче бел леб нема никаква врска.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.