ЕМС

ЕМС тренинг – да или не?

Како да ја третираш опцијата ЕМС тренинг

Епизода 702 – Што да очекуваш од емс и дали да го третираш како замена за класично вежбање или додаток. Прашање поставено од Маја

ЕМС тренинг значи електро мукулна стимулација. Во Скопје имаме неколку студија кои што нудат овакви услугич. Тоа значи дека облекувате целосна опрема која што ви дава електро мускулна стимулација и без ваша воља имате константни стимулации на делови од телото. Често се користи доколку сте подложни на повреди, или се опоравувате од некоја повреда, скршеница и.т.н. Во денешно време се повеќе луѓе го користат како замена за класичното вежбање и тренинг. Трае максимум 20 минути, и она кое што најчесто го промовираат студијата кои што ги нудат овие услуги е дека 20 минути тренинг заменува до три часа тренинг.

Дали е добро и како да го третираш

Она што и науката вели е дека нема ништо лошо во тоа. Дури може и многу повеќе да забрза опоравок на одредена повреда. Доколку прашуваш дали воопшто да не вежбаш и да одиш на електро мускулна стимулација затоа што можеби си помрзелива или немаш доволно време, не сум сигурен. Искрено повеќе тежнеам кон тоа дека не би можела елктро мускулната стимулација во целост да го замени класичното вежбање. Сепак се работи за различни движења. Се работи за различна работа на кардиоваскуларниот и воопшто сите системи. Макар и што при оваков тренинг имаш вежби кои ќе те задишат.

Јас лично сметам дека електро мускулната стимулација треба да биде како додаток на твојот активен живот. Може исто така да ти користи за да допреш до некои секундарни или терцијални групи на мускули кои што со класичниот начин на вежбање не успеваш да ги оптеретиш доволно. И се разбира ако се работи за повреда и треба да внимаваш како вежбаш, тогаш електро мускулната стимулација можеби ќе биде и единствениот излез. Од мене имаш зелено светло. Ја почитувам електро мускулната стимулација, сум бил и на неколку тренинзи но не ја практикувам редовно.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *