жива во туна

Жива во туна

Колку количината на жива во туна е реална закана за здравјето

Епизода 704- што се случува со жива во туна и колку се реални тврдењата дека оваа риба го содржи овој тежок метал? – прашање поставено од Димитар.

Искрено имав слушано гласини, но не бев доволно информиран. Вистина е дека има жива во туната. Таа пред се е огромна риба и се храни со помали риби. Денеска знаеме дека со глобалното затоплување и индустријализацијата се придонесува да се влеваат непотребни отпадни материи и тешки метали во океаните. Така се конаминираат жителите на океаните и морињата и тоа е едноставно врзан синџир.

Проблемот е што туната не може да ја излачува и исфрла живата со доволно брзо темпо. Така се случува таа да се задржува во ткивата. Има научни студии кои што говорат за ова од кои што и јас лично се фрапирав. Во секој случај тоа не значи дека сега треба да речеме дека веќе туната не ја јадеме. Сепак има некои правила и насоки за да направиш добар избор.

Што да гледаш во маркетите

Прва работа е каква туна консумираме и денес прв пат јас се запознав со тоа. Не на сите конзерви пишува каква е туната која што е  конзервирана. Јас на пример купувам Rio Mare од Стокомак. Тој вид на туна (Katsuwonus pelamis) има помали количини на жива за разлика од многу други затоа што е туна со помал раст. Па така за да внесам повеќе жива од она што моето тело може да го исфрли треба да изедам повеќе од 3 конзерви туна на неделно ниво од овој тип. Има многу туни во маркетите во кои што и воопшто не е наведен типот на туна, па затоа доколу сум на твое место би се размислил дали ќе купам.

Со други туни кои што се можеби друга класа и други видови, не знам да одговорам во моментов бидејќи и за мене е оваа тема новина. Но, затоа знаете дека на инстаграм одговарам на ваши прашања за продукти и читање на етикети. Може слободно да ги ставиме во игра и туна конзервите и да се обидам да ви пресметам. Има формули како може да констатираш за туната што ја јадеш врз основа на килажата која што ја имаш во моментов. Нема да ве бунам денес со математика, но може да ми пишете.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.