зависност од храна

Зависност од храна

Навика или зависност од храна?

Епизода 611 – што е разликата повеѓу навика за јадење и зависност од храна? – прашање поставено од @angela.

 

Самиот збор навика – како збор значи дека нашиот нервен систем создава нешто што ќе ни донесе поголема ефикасност. Во смисла, еве моја навика е кога ќе станам наутро да се измијам лице и заби и тоа повеќето од луѓето го правиме по автоматизам веројатно :). Не размислуваме многу затоа што нервниот систем, сакајки да ни заштеди време некако се ставил на автопилот. Истото продолжува да се случува во моето утро. Продолжувам со протеински шејк за поајдок, притоа јас не размислувам на тоа, туку навиката ме тера. Одам го правам или ако е веќе направен од мојата жена го земам го јадам.

Што значи зависност?

Навиката може да премине во зависност доколку телото и мозокот, сметаат дека добиваат придобивки од некаква навика. Во многу случаеви, одредени навики како пушење цигара може да станат зависност затоа што телото и мозокот и твојата приказна која што си ја вртиш во глава му велат дека можеби ќе те опушти, ќе те релаксира и ќе ти го намали стресот. Алхохолот станува зависност затоа што многу луѓе сметаат дека таа навика на секојдневно пиење по неколку чашки ќе им придонесе да се опуштат и да се релаксираат. До некаде е можеби така, но кога премногу ќе го прифатиме како позитивно за нашето тело, веќе станува зависност. Истото е и со храната.

Многу луѓе сметаат дека одредени продукти и одредени навики им помагаат да си придонесат да се’ чувствуваат задоволни. Тоа е со емотивното јадење кое што што прави да луѓето консумираат благо или одредени пороци. Истите им причинуваат гратификација и практично нивното тело и нивниот мозок го имаат прифатено како позитвна работа. Секогаш при консумација на одредени такви продукти се лачат допамини. Тоа е игра исклучиво на тој хормон на допамин. Ти дава некакво задоволство и телото го смета како одредена награда.

Техника на прекинувачи

Најдобриот начин да се решиш со ова е техника која што ја најдов која се вика техника со прекинувачи. Односно што значи тоа. Секогаш кога ќе дојдеш во искушение за кое што телото и мозокот сметаат дека ќе имаат придобивка, а ти си доволно паметен/на и свесен/на дека тоа не е баш најдобриот избор, треба да направиш сосема друго нешто што ќе биде прекинувач.

Кога ќе ти дојде искушение, јави се на пријател и сподели некој убав збор, пофалба или благодарност. Ти потикни на некаква позитивна промена, а по автоматизам ќе си помогнеш и на себе. Кога ќе се случи тоа оди можеби прошетај надвор. Или направи 10 склекови или 10 чучњеви. Најди прекинувачи. Најди нешто што ќе го одвлече вниманието на твојот мозок и притоа ќе почнеш полека таа навика да ја менуваш. 66 дена е потврдено од науката дека е доволно за да смениш одредена навика макар и да е зависнот. Но, притоа да ги поткрепиш со нови навики.

Заклучокот е дека треба единствено да бидеш свесен/на и да собереш внатрешна сила за да си помогнеш. Не постои шема или шаблон или равенка и точно определени чекори по кој што ќе го смениш тоа. Едноставно ти треба да најдеш сила за да си помогнеш и да ги смениш некои зависности со храната ако ги имаш и те мачат.

И за крај би ти предложил да дојдеш на школа за исхрана и како дел од група да ти помогнам да си ја средиш исхраната за секогаш!

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.