замена за благо

Замена за благо

Која е најдобра замена за благо

Епизода 668 – Која намирница е добра замена за благо , јачменов слад , мед или слад од урма? – прашање поставено од @ole.ole82

За замена за благо и за вештачки засладувачи имам зборувано. Баш интересно што ме праша токму за овие три продукти. Кој од овие три е најдобар не знам и јас не би издвојувал најдобар или најлош иако имам став кој би го користел. Сите три до некаде се добри.

Но, пред да зборуваме за нив сакам една работа да ти стане јасно. Јас константно зборувам дека барање на замена за шеќер или  замена за благо не е решението. Решението треба да се разгледува и да се бара како да не се појавуваат кризите за благо и да немаме потреба за шеќер. Тоа е поголемиот проблем и прашање. Ти можеби ќе најдеш некоја замена, но тоа повторно не ти придонесува да  ја тргнеш потребата за благо на прво место.

Што значи потребата за шеќер

Потребата за благо по автоматизам значи дека твоето тело има потреба за брза енергија. Тоа што твоето тело бара брза енергија значи дека страда за хранливи вредности во поголемиот дел од денот. Особено ова се случува претпладне и во првиот дел од денот. И многу луѓе кои што немаат добра исхрана, кои што прескокнуваат оброци и кога тие оброци си сиромашни со вредности, во вториот дел од денот често им се јавуваат кризи. Тие кризи се изразуваат најразлично. Посегнуваме дали по енергетски пијалоци, по благо, сок или тесто.

Телото бара брза енергија, а мозокот многу добро препознава каде ја има таа брза енергија. Така да пред се не се фокусирај на тоа каде е најдобрата замена за благо или шеќер. Гледај да си воспоставиш прво редовност на оброци, пиење доволно вода и така да ги тргнеш потребите за благо. Тоа е број еден, а второ јас ако бирам помеѓу овие 3 продукти мислам дека би одбрал мед бидејки овие сладови недоволно ги познавам искрено, а особено не ги знам процесите на подготовка. Било кој од трите да ги избереш нема да биде проблем, но ти реков каде е најголемиот проблем и каде треба да си го бараш решението.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.