здрав junk food

Здрав junk food

Кои продукти се всушност здрав junk food

Епизода 623 – кои продукти што ги сметаме за нездрави се всушност здрав junk food? – прашање поставено од Мира.

Ова прашање баш ме натера да размислувам затоа што до сега најчесто сум гледал да најдам натрапник во рафтот за здрава храна. Секогаш нервираат продукти кои што стојат на рафт за здрава храна, а всушност се тотално нездрави. Но никогаш не сум размислувал обратно, односно да најдеме нездрави продукти кои што всушност и не се така нездрави како што ги оговараат.

Мајонез

Многу често мајонезот се поврзува со многу масти и мрсно. За него знаеме дека не е здрав дека е премногу е калоричен и.т.н. Но, од друга страна се’ повеќе научни студии зборуваат за јајцата, заситените масти и внесувањето на на многу месо не влијае толку на појавата на лош холестерол колку што влијаат шеќерите, немањето физичка активност и пушењето цигари. Затоа мајонезот јас би го ставил веќе во продукти кои што воопшто не се нездрави. Единствено нешто кое што тука би го потенцирал е маслото кое што се употребува при подготовката на мајонезот. Најдобро е можеби да си го правиш дома или да бараш мајонези кои што не се правени со сончогледово масло. Барај да бидат со маслиново масло или со масла кои што се мононезаситени и кои што имаат и полинезаситени односно омега 3 масни киселини. Сончогледовото да го внесуваш во поголеми количини и не е баш добро.

Чварки

Има една исхрана која што се вика кето и која промовира консумација на мајонез, чварки, свински врат, сланини и.т.н. Затоа што кето исхрана е пред се антивоспалителна, многу често употребувана од медицината кај луѓе кои што имаат сериозни хронични и дегеративни заболувања. Затоа јас би рекол дека овие 2 продукти треба да одат на страната на здрави продукти.

Црна незасладена чоколада

Луѓето имаат тенденција да ја стават црната чоколада во здрави продукти. И јас би ја ставил но исклучиво онаа која што нема додадено шеќер и засладувачи. Затоа ако сакаш да консумираш чоколадо нека биде црна незасладена. Ако сакаш ти да си ја засладиш можеш да ја стопиш, додади стевија и остави ја да излади и ете ти црна чоколада засладена. Така можеби ќе ти ја задоволи таа потреба за благо која што ти се јавува.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.