зелен чај

Зелен чај

Зелен чај и влијание врз метаболизмот

Епизода 669 – Дали зелен чај влијае позитивно врз метаболизмот? – прашање поставено од @asije.nuredini

Сигурно не ти треба Јосиф за да ти каже дека овој чај добро вијае врз метаболизмот. Хранливата вредност и составот на зелениот чај заедно со сите антиоксиданси, најмногу помага за кардиоваскуларно здравје. Луѓе често го користат за да си помагаат и со хронични болести како што се и канцерогените болести.

Но има и едно друго верување поврзано со слабеење. Не можеш да очекуваш дека зелениот чај ќе ти придонесе за повеќе топење на масти. Иако многу луѓе во намерата да ослабат го користат зелениот чај, сепак таквото верување е премногу добро за да биде вистинито :). Зелениот чај може да ти помогне за да ти даде повеќе свежина и можеби повеќе енергија заради кофеинот кој со себе го носи. Но, тој кофеин сам по себе не топи масти. Само ќе ти продонесе да имаш повеќе енергија за време на тренингот ако си физички активен/на. Така е очекувано поинтензивно да извежбаш, и да согориш повеќе калории и масти. Дека зелениот чај или кој било друг чај ќе направи такво нешто е наивно да го размислува човек. Јас еве пијам секое утро термоџетикс чај спој од 9 билки, но сепак очекувањата не ми се дека ќе ме слабее :).

Постојат ли ризици

Единствена работа која што треба да ја внимаваш се катахини. Тие се во принцип супер состојка која што ја има во чајот, но ако претераш знаат да ја намалат апсорпцијата на железо во крвта. Затоа луѓе кои што имаат проблем со анемичност и слабокрвност нека повнимаваат и нека не пијат повеќе од 3 до 4 чаја во текот на денот. За сите останати е супер. Колку повеќе го консумирате зелениот чај толку подобро.

И за крај конечен заклучок за твоето прашање е дека зелениот чај ќе влијае позитивно на метаболизмот, но дека ќе поттикне драстична разлика тоа е големо тврдење. Особено е невозможно ако не ја средиш целокупната исхрана и начин на живот. Сепак, метаболизмот е многу сложена машина. Многу процеси зависат од метаболизмот и истите тие процеси зависат од многу хранливи вредности, не е само зелениот чај.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

2 Comments

  1. Mnogu vi blagodaram za prekrasnoto objasnuvanje!😊

    1. Author

      Vo sekoe vreme Asije! 🙂

Остави коментар

Your email address will not be published.