избегај и на староста

Избегај и на староста

Избегај и на староста – никогаш не си премлад да размислуваш на тоа

Кога сме помлади помислата “избегај и на староста” е некако далеку од нашата реалност. Но како поминуваат години сите ние имаме мисли “замисли да се грижев малку подобро за себе”. Јас за себе често знам да си помислам “замисли да бев по свесен за добра исхрана додека тренирав ракомет”. Иако често не сакаме да размислуваме дека созреваме и старееме, сепак интелигентно е да бидеме свесни дека навиките кои ги практикуваме како помлади и начинот на кој живееме ќе се рефлектира во подоцнежни години. Избор е која цена ќе ја платиме. Онаа на дисциплината да воведеме добри навики во исхрана и активност или цената на каење “требаше”.

Без разлика како живеам сега и која е мојата моментална ситуација, имам опција да донесам подобра одлука денес и сега. Секој од нас се соочува со храна неколку пати во денот, а тоа значи дека секое соочување со оброк или ужинка е можност да направам одлука и да внесам храна со вредност или храна со 2- минутно задоволство. Никогаш не е доцна да се донесе одлука за промена. Јас секојдневно запознавам луѓе кои прават неверојатни промени преку школата. Тие се најголема инспирација и доказ за тоа.

Одржување на здрави коски

Здрави и цврсти коски се создаваат во најголем дел во младоста. Во 30-тата година од животот телото го доживува својот максимален капацитет за складирање калциум во коските. Во превод тоа значи дека до 30-тата година ако практикуваме физичка активност и внесуваме доволно калциум (1000мг дневно) ќе обезбедиме здрави коски. Тоа не значи дека на 50 години не може да влијаете, но е малку потешко и побавно. Во тие години метаболизмот работи побавно, коскената маса не се обновува во толкава мера, но доколку практикувате тежински тренинзи и го зголемите внесот на калциум на 1200мг може да обезбедите повитални коски.

Одржување здрава мускулна маса и адекватна тежина

Мускулна маса може да се изгради во било која возраст од животот. Но, доколку тоа го обезбедиме во помлади години ќе придонесеме многу поголема поддршка за коските. Од друга страна зголемениот проценет на мускулна маса помага да имаме поинтензивен метаболизам во мирување што значи помали шанси да покачиме тежина во повозрасни години. А не сме наивни да не знаеме дека дебелината е вистински проблем… Доволно протеин во исхраната и физичка акивност се клучните точки кога станува збор за мускулна маса.

Одржување на здрава кожа

Не знам колку сте свесни, но кожата е најголемиот орган на телото. Не штити од надворешни влијанија, не’ грее, не’ лади итн. Многу често повеќето луѓе се фокусираат на корективна козметика (шминка и пудра), а премалку на храна за кожа. За разлика од храната која ја внесуваме преку уста и може да покаже плус 2кг за еден продолжен празничен викенд, третманот и грижата или негрижата за кожата ќе покаже резултати после 1–2 декади. Затоа треба добро да размислиме како ја храниме и хидрираме нашата кожа. Овој орган добива храна и од уста и од рака ☺.

Остави коментар

Your email address will not be published.