инстант пире

Инстант пире

Дали инстант пире е добра замена за стандардното

Епизода 677 – За денеска имам прашање од Теодора Солздановска и прашува дали инстант пире добра опција за ручек?

Теодора ако го гледаме како е направено инстант пирето, тогаш е сосема во ред. Она што се моите знаења за како се прави во индустриски размери всушност ми покажува дека нема разлика дали ќе биде инстант или ќе биде стандардно пире. Производителите го прават оригиналното пире во своите фабрики, подоцна тоа го дехидрираат и го ситнат. Така се создаваат тие снегулки.

Она што ми е недоволно познато е што се додава како хемија подоцна во снегулките. Дали можеби ќе го загрози составот на пирето и што ти ќе внесеш во телото. Ако мене ме прашуваш јас не паметам кога последен пат сум направил инстант пире. Секогаш компир го купувам стандардно како компир. Мојот мозок оди натака да не биде инстант, но во секој случај тоа не е ни реален факт затоа што можеби се додава само сол и можеби нема конзерванси, адитиви и хемија која што носи потенцијал за штета. Јас само го знам процесот до тука, односно како се прави инстант пирето :).

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

 

Остави коментар

Your email address will not be published.