исхраната влијае врз стрес

Исхраната влијае врз стрес

Како и колку исхраната влијае врз стрес

Епизода 608 – дали исхраната влијае врз стрес и неговите нивоа? – прашање поставено од @dani

Сигурно се прашуваш што доаѓа прво. Дали прво некоја стресна ситуација по што следува нездраво јадење или обратно. Прво да потврдам – исхраната многу влијае! Генерално луѓето најмногу доживуваме стрес, особено во денешно време. Причини се начинот на кој што живееме, многу динамичното случување на нешта. Се случуваат различни настани и консумираме премногу информации благодарение на интернетот и на многуте медиуми. Сето тоа ни влијае за да доживуваме одредени стресови во текот на денот.

Кога се работи за исхраната многу често луѓето бараат некогаш и утеха. Исто како што бараат и во одредени пороци мислејки дека тоа ќе ги изрелаксира или дека ќе им го намали чувството на стрес. Тоа дефинитивно не е така затоа што изборот на храна кој што го правиме кога најчесто сме под стрес е многу веројатно погрешниот.

Како тоа изгледа во пракса

На што всушност мислам. Најчесто луѓето кога доживуваат одреден стрес или посериозен шок, посегнуваат по многу шеќери и многу масти. Или можеби по одредени пороци како алхохол и цигари за што сметаат дека им го намалуваат стресот и им прават чувство на гратификација. Затоа и често со луѓето со кои што работам се борат со емотивно јадење. Тоа значи дека имам некаков стрес и можеби емоциите не ми се во ред па посегнувам по продукти кои што ми даваат моментално задоволство.

Истото тоа задоволство има многу поголем контра ефект подоцна. Колку повеќе внесуваш шеќер и процесирана храна која што директно влијае на хормонот инсулин толку повеќе се експонира чувството на стрес и е се’ повеќе поизразено. Затоа дефинитивно исхраната влијае на стресот. Изборот на подобри продукти ќе придонесе побрзо да се справиш со стресот. Иако навидум и полесно изгледа дека консумирањето на одредено благо, грицки, алхохол и цигара придонесува за намалување на стресот. Тоа дефинитивно не е така и има многу поодложен и долготраен ефект врз нивоата на стрес .

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.