исхрана за здрави коски

Исхрана за здрави коски

Исхрана за здрави коски – 7те клучни играчи

Ако одите да прашате било кој – што е најважно во исхрана за здрави коски сигурно ќе ви одговори калциум и витамин Д. И, да, ќе биде во право затоа што калциумот е најзастапениот минерал во телото и во најголем дел го има во коските и забите, а витаминот Д е потребен за да се апсорбира калциумот. Она што може тука да те занесе е тоа што ако се најважни не значи дека се единствени потребни. За нормална регенерација на коските и одржување во добро здравје важна е целокупната добра исхрана и физичка активност. Потребни се и други нутриенти од кои овде ќе издвоиме неколку најважни.

Нутриенти за здрави коски

Коската е живо, растечко ткиво направена од колаген — протеин што ја дава формата на коската и хидроксиапатит (направен од калциум и фосфор) — минерал што ја дава цврстината и јакоста на коската. Како додаток на протеинот, калциумот и фосфорот, постојат и други нутриенти поврзани со здравјето на коската. Еве некои од нив и каде може да ги најдете:

Калциум — млечни производи, јатки и злени листести зеленчуци

Фосфор — го има во многу типови храна. Млеко, месо, мешунки, семиња, житарки.

Витамин Д — го има во мрсни риби, црн дроб (џигер) и храна збогатена со железо.

Магнезиум — го стимулира производството на хормонот калцитонин што помага да се пренесе калциумот од крвотокот во коските. Магнезиумот е исто така потребен за да го конвертира витаминот Д во неговата активна форма, што всушност поддржува апсорпција на калциум. Ќе го најдете во листести зеленчуци, јатки, семиња и житарки.

Калиум — помага да се одржува балансот на калциум во телото. Го има во лубеница и диња, патлиџан, банана, праска, компир.

Витамин Ц — неопходен за формирање на колагенот. Го има во цитрусни овошја, пиперки, зелка, киви, јагоди.

Борон — минерал кој што помага телото ефикасно да ги користи и спојува минералите кои ги спомнавме погоре. Го има во сушени овошја, путер од кикирики, авокадо.

Остави коментар

Your email address will not be published.