Како да организираш оброци

Како да организираш оброци

4 едноставни чекори како да организираш оброци

Не знам колку си свесен, но најголемата причина поради која што луѓето имаат хаос со исхраната е затоа што немаат никаков план, затоа ќе ти споделам неколку совети како да организираш оброци. Чувај си брзи, здрави рецепти што ќе може да ги приготвуваш од нога. Едноставни и хранливи рецепти многу лесно ќе најдеш во готвачи, списанија и на интернет. Кога имаш повеќе рецепти на избор, може да ги ротираш неколку недели по ред. Така вечерите нема да ти бидат премногу еднолични.

Испланирај и поедностави

  • Секогаш имајте здрави намирници при рака. Во замрзнувач чувајте овошје, зеленчук, месо и морски плодови. Во шпајз интегрални житарки, грав, домати, туна во конзерва, пилешки или зеленчуков бујон, зачини и билки. Овие намирници ви се основата на здрава супа, манџа или тестенини што се приготвуваат за секунда.
  • Олеснете си. Наместо свеж зеленчук може да користите замрзнат, а со практични готови продукти како што се измиена зелена салата или исечкан зеленчук и овошје може многу да си го скратите времето за приготвување на оброкот. Време ќе заштедите и со готово печено пиле или со зачинето месо спремно за готвење.
  • Два оброка со една подготовка. Ако за некој рецепт ви треба половина главица сечкан кромид или половина бабура, не застанувајте кога ќе исечкате половина од кромидот или бабурата. Продолжете да ја сечкате и другата половина. Складирајте ја за друг ден. Кога пржите на пример мелено месо за сос за шпагети, испржете малку повеќе за да имате за во тортиља или за во полнети пиперки наредниот ден. Пригответе поголема количина интегрален ориз или киноа и замрзнете ги за некој друг оброк. Житарките не ја губат влажноста и може да се загреваат во микробранова печка. Или ако варите јајца не варете само за еден оброк. Сварете и до 20 јајца па имај за недела дена веќе готови како ужина или за други оброци.
  • Во оброците од едно јадење обично се комбинира и протеин, и зеленчук и скроб. Ваквиот вид оброци се здрави, урамнотежени и имате многу помалку тенџериња и тавчиња за миење.

Ако добро се организирате и испланирате оброци за неколку дена, животот многу ќе ви се олесни. Изберете рецепти и потоа може да си направите список за пазарување за цела недела. Кога ќе си направите мени и кога ќе имате намирници при рака, битката со планирање на оброците ви е речиси освоена.

Доколку ти треба помош и поддршка за да го воспоставиш овој процес пријави се на школа за исхрана и среди си ја исхраната за секогаш.

Остави коментар

Your email address will not be published.