менопауза

Како да се хранам и вежбам во менопауза

Постои ли посебен начин и насоки за исхраната во менопауза

Епизода 724 – те молам за твое мислење и препораки за жени во менопауза од храна до вежба? – прашање поставено од Даниела

Моите препораки и мислење не се ништо поразлично од тоа што до сега го зборував. Во менопаузата естрогенот го нема во толкави количини како порано, дополнително тука проблем може да биде ако вишокот на килограми е над 5. Тоа значи дополнителен проблем поради зафатеноста на масните клетки. Не знам колку знаеш, но масните клетки како клетки лачат преку 100 хормони. Доколку се полни клетките, односно се зафатени со некаква материја (масти), лачењето на тие хормони ќе биде отежнато.

Меѓу другото, тука има еден важен хормон адипонектин кој што хормон е одговорен за т.н. долговечност. Потврдено е дека луѓе кои што живеат долги години имаат големи количини од овој хормон. Затоа, кога имаш ти намалување на естрогенот и услови на покачена килажата, тогаш немаш добра и правилна функција на хормоните кои што излегуваат од масните клетки. Тоа е одличен рецепт за голема дисфункција во телото. Тоа пребродување на менопаузата е се потешко. Многу поголеми шокови на ладно топло ќе се случуваат, многу повеќе емотивни премрежја и слично.

Како да си помогнеш во тој период

Не можеш да го избегнеш тој период, само можеш да си го олесниш пребродувањето. Не постои друго решение освен да имаш една поквалитетна исхрана и да ја држиш килажата под контрола. За мене квалитетна и добра исхрана подразбира да имаш појадок во првиот час најдоцна од будењето, да имаш редовност на оброците од 3 до 4 часа. Тука и понатаму останува да пиеш доволно вода и на тој начин да го снабдуваш телото со доволно градежен материјал. Само така телото ќе може да ги опслужува сите процеси. Многу е едноставна формулата, но обично луѓето сакаме да ја најдеме тајната. Сакаме да најдеме тој пократок пат и нешто што е токму за мене посебно создадено. Има време за тоа да дојдеме, сеуште науката не е до таму стигната. Не си ги комплицирај работите и животот во делот на исхраната.

Ако не знаш од каде да почнеш придружи ни се во школа за исхрана и реши си исхраната за секогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.