калориски дефицит

Калориски дефицит

Што ако претераш со калориски дефицит

Епизода 636 – кои се симптомите на преголем калориски дефицит? – прашање поставено од @blazevskirobert

Преголем калориски дефицит може да нанесе многу повеќе штета на телото отколку што можеш да замислиш. Жалосно е што најчесто луѓе кои се трудат да ослабнат или намалат масти, фанатично ги кратат калориите. Притоа не размислуваат дека кратат и многу хранливи вредности кои се потребни за нашето тело да функционира. Квалитетната исхрана не подразбира кратење и исфрлање туку додавање и збогатување.

Има повеќе последици и симптоми што би ги издвоил. Може да се забави метаболизмот или да се поттикне губење на коски. Може да се поттикне потенцијално покачување на килажа во иднина затоа што тоа забавување на метаболизмот нема веднаш да се смени откако ти ќе го смениш калорискиот дефицит. Тоа може да трае до 1 месец и притоа да зголемуваш масти во телото.

Друго нешто што може да направиш е да ја загрозиш плодноста, особено важи за жените. Кога се случува периодот на оваулација треба да има зголемени нивоа на естроген и на еден хормон  LH. Во случај на калориски дефицити, LH многу тешко може да се создава и притоа да имате проблеми со плодноста. Исто така може да се случи слабокрвност затоа што калорискиот дефицит значи дека ќе има многу помалку хранлива вредност за вашата крв. И секако дека логично и нормално тука е паѓање на имунитет.

Што би направил јас

Мој совет е да не одиш под 300 калории дефицит за да не загрозиш некои важни функции. И на крај на денот сите бегаме од броење на калории затоа не се оптоварувај со тоа колку денес изеде и дали си во границите. Мојата филозофија е појадок и редовност на оброци бидејки нема да носи оптеретување и ќе носи континуитет. Така ќе бидеш сигурен дека ќе си ја одржуваш тежината и нема да имаш потреба да размислуваш ниту за слабеење ниту за решавање на одредени проблеми. Целта е да останеш во ситуација на немање проблеми.

Доколку ти треба помош и сакаш да ја средиш исхраната за секогаш, тогаш дојди на школа за исхрана.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.