калориски потреби

Калориски потреби

Лични дневни калориски потреби

Епизода 675 – oва прашање за како да одредиш калориски потреби го разговарав и ми го постави Елена. Знам дека многу од вас ги мачи ова прашање особено луѓе кои што барате начин да ослабете. Врз основа на што да направам дефицит и да ослабам.

Логиката е добра и точно е тоа дека ќе ослабете ако направите калориски дефицит. Но, една работа која што ние ја земаме здраво за е бројката на калории која што нашите тела ја трошат. Многу од нас прифаќаме некоја општа формула дека девојките трошат од 1200 до 1500 калории дневно, а мажите од 1500 до 1800. Во најголемиот дел е така, но воопшто не значи дека на секоја од вас девојките, калориските потреби ви се 1500 или 1200. Истото важи и за мажите.

Во оваа формула се работи за калории кое што вашето тело би ги потрошило во мирување. Тоа се вика базален метаболизам, односно телото ќе ги потроши макар вие денес само да лежите и да трепкате. Најголем потрошувач на калории се дишењето, работата на срцето, мозокот и дигестивниот систем. Од друга страна секој од вас има некакви обврски како школо, работа, вежбање.  Сето тоа ја подигнува просечната потрошувачка на калории дневно.

Не се врзувајте на фиксна бројка, затоа што ако некој од вас смета да оди во дефицит на 1000 дневно, тоа понекогаш значи дека половина од калориите кои што тело ги бара не ги добива. Тоа е огромен дефицит и таквиот дефицит нема никогаш да ве донесе до конечен добар изглед или слабеење.

Како да пресметаш колку ти треба

Најдов формула која што смета во фунти и вели да ја замислиш прво твојата идеална тежина. И ако е 60 килограми, а тоа е некаде околу 150 фунти, множам со 12 и добивам дека мојата просечна потрошувачка на калории е 1800. Овде пресметај килограми во фунти. Овој резултат не е 1500 ако ме следевте на почетокот. Тоа значи дека некои денови ќе одам до 1500, некои денови ќе одам до 1800.

Обично со таа стратегија за прифатена фиксна бројка константно остануваат одредени килограми кои што неможете да ги дотрошите. Или пак, ќе ја видите бројката на вага ама константно остануваат некои делови на телото и сало кои што не сакате да ги гледате. Давате многу напор во исхрана, давате енергија во вежбање и планирање на оброци и притоа се фрустрирате затоа што повторно не ги добивате тие резултати. Тоа е поради оваа погрешна математика со калории која што повеќето од вас ја имаат.

Секој од нас има свој ден, своја потрошувачка, свои обврски. И да знаете секогаш во денови во кои вежбате тоа се плус 300, или 400,а  некогаш и повеќе калории ако се работи за сериозни тренинзи како crossfit.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.