кардио со низок интензитет

Кардио со низок интензитет – да или не?

Дали претерано правење на кардио со низок интензитет може да ти го наруши здравјето

Епизода 713 – колку кардио со низок интензитет е загрозувачко за здравјето? – прашање поставено од Роберт.

Роберт незнам од каде ти е овој страв дека кардио па дури и со висок интензитет може да ти го наруши здравјето. Ако не ти е веќе нарушено со сериозна дијагноза, дефинитивно кардио тренинзи се добредојдени. Одлични опции ти се трчање, возење велосипед, пливање или користење на елиптични справи. Воопшто нема да ти го нарушат здравјето особено со низок интензитет.

Напротив ако гледаш по важност како се поделени факторите што придонесуваат за додбро кардиоваскуларно здравје ќе ти стане јасно кој е најважниот. Има една насока од Светска здравствена организација која што вели, доколку сакаш добар кардиоваскуларен систем еве ти неколку совети. На прво место од тие совети се наоѓаат кардио вежби. И тоа подразбира токму вежби со низок интензитет како пешачење, возење на велосипед, качување на скали. Ова е практичен фитнес кој што секој од нас може да го практикува. Особено доколку смета дека нема време да оди во теретани или да оди во вежбални и да го инвестира времето во вежбање.

Така да воопшто не се плаши. Нема шанси да се случи нарушување на здравјето. Вежбањето на кардио вежби со низок интензитет може да донесе многу бенефиции за здравјето. Се разбира, доколку претходно ти е нарушено здравјето и имаш некоја хронична состојба консултирај се обавезно прво со твојот лекар.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.