кикирики навечер

Кикирики навечер

Кикирики навечер како опција за ужина

Епизода 627 – дали е во ред да се јадат кикирики навечер, непечени, околу 30 до 40 грама? – прашање поставено од @nikoloskaa

Добро е и на вкус и на хранлива вредност :). Непечените кикирики се секако подобри од печените. На тој начин ќе редуцираш внес на сол. Зборував пред некоја недела за претерано внесување на сол и дознај овде кои се’ нарушувања може да се случат и колку може да наштети на метаболичките процеси.

За грамажата да зборувам и да ти прецизирам точна количина ми е малку потешко. 30 до 40 грама не би можел да ти кажам дали е добро. Сепак, не ги знам сечии телесни параметри. Генерално, за да се одреди тоа треба да знам колку калории треба да внесуваш секојдневно и каков е твојот телесен состав, односно килограми, висина, години и слично.

Општо правило

Најдобар начин да не навлегувам и јас и ти во математики и пребројувања е да се договориме за една единствена формула. Општо прифатена реторика за девојче, 30 до 40 грама би било сосема во ред. Уште подобро, за да не мора да вагаш, она што секогаш го препорачувам на нашите клиенти е да биде една рака. И не само за кикирики, туку севкупно за било какви јаткасти плодови. Дали тоа ќе бидат непечени кикирики, бадеми, лешници и.т.н.

Заклучокот е дека јаткастите плодови се добри за да се консумираат во попладневните часови. За разлика од овошје како ужина, или протеин барови или сушени овошја кои што од друга страна имаат повеќе шеќер од она што имаат јаткастите. Исто така таквата ужина има помалку протеин и помалку масти. Така постојат шанси да ти нарушат можеби процес на слабеење или можеби би помогнале во процес на дебелеење. Затоа кога зборуваме за попладневна ужина, супер е изборот и од мене имаш зелено светло за непечените кикирики.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.