колку BCAA по вежбање

Колку BCAA по вежбање

5 или 10 грама – колку BCAA по вежбање е доволно

Епизода 602-  колку BCAA по вежбање да ставам? Дали е доволно 5 грама или да доставам уште 5? – прашање поставено од @capone007

BCAA е доста популарен суплемент. Најчесто луѓето кои што се физички активни го суплементираат и употребуваат како дел од исхраната. Всушност оваа кратенка значи Branched-Chained amino acid. Тоа се 3 есенцијални аминокиселини (леуцин, изолеуцин и валин) кои што нашето тело не може да ги создава и затоа мора да се внесуваат преку исхраната. Овие амино киселини може да се најдат и во класичната исхрана. Ги има во многу продукти од растително и животинско потекло. Сепак кај луѓето кои што се физички активни потребите се зголемуваат. Истите овие потреби во денешно време е многу поедноставно и попрактично да се суплементираат.

Дозирања

Постојат неколку правила кои што се општо прифатени во фитнес заедницата. Постојат и релевантни правила за максимални дневни количини кои што доаѓаат науката. Дали треба 5 или 10 грама би било аматерски да го истресам од ракав. Види најдобро што ти пишува на етикетата, но моето размислување е дека нема да згрешиш ниту со 5, а нема да згрешиш и со 10. Се зависи од тоа каков ти е интензитетот на тренингот и колку ги оштетуваш твоите мускулни влакна.

Доколку е тоа можеби crossfit, или некоја друга дисциплина која е прилично напорна во тој случај оди со 10. Колку повеќе мускулите ги оптоваруваш со тежини и колку се тие поголеми, толку поголеми оштетувања на мускулите настанува и потребите се зголемуваат. На дневно ниво препораката е дека можеш максимум 30 грама на bcaа да внесеш. Сепак најдобро е да биде баланс на класична исхрана и суплементација. Заклучокот на крај ќе биде дека и со 5 и со 10 воопшто нема да згрешиш. Биди само внимателен да не внесеш 30 грама од самиот суплемент, затоа што сепак и класичната исхрана ќе си донесе одредени количини.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *