кревање тежини и слабеење

Кревање тежини и слабеење

Какво е правилото за кревање тежини и слабеење

Епизода 629 – Како е подобро да се работи за кревање тежини и слабеење? Да вежбам со мали тежини и да правам повеќе повторувања или со поголеми тежини и помалку повторувања? – прашање поставено од @sali.m97

Не знам колку долго ме следиш но мојата филозофија за слабеење е да не се здебелиш. Друго нешто што исто така многу често го зборувам и сум го прифатил е дека 80% од тоа како ќе изгледаш, колку ќе имаш сало односно масти е исхраната. Остатокот односно 20% е физичката активност.

Кога зборуваме за физичка активност поточно она за што се однесува прашањето – вежбање со тежини, ако целта ти е да намалиш килажа не можеме да издвоиме подобра стратегија. Не можам да ти кажам подобро би било со поголеми тежини или со помали тежини. Тоа ти треба да си го избереш и нема да згрешиш ниту во двата случаеви. Она што јас би го избрал и би ти го препорачал, без разлика која стратегија на вежбање со тежини ќе ја избереш, односно независно дали ќе бидат помали тежини повеќе повторувања или поголеми тежини и помалку повторувања е да направиш завршница.

Интервално кардио вежбање како крај

Гледај да вметнеш и кардио дел од 15 минути. Можеби на крај на тренингот и времето кое што го имаш за вежбање додади некакво интервално вежбање. На пример 1 минута трчај побрзо, 30 секунди или 1 минута пешачи. Така најизменично повтори неколку пати 10 до 15 минути за да имаш максимален ефект во трошењето на мастите. За тежините ако мене ме прашуваш јас би избрал поголеми тежини и помалку повторувања. Исклучиво поради тоа што ќе ми одземе помалку време во севкупното време за вежбање. Така да тоа е мој избор, а ти нема со ниту едното од двете да згрешиш.

И уште еднаш, не заборавај дека 80 % треба да внимаваш на исхраната 20% е физичката активност и секако додавај кардио дел интервално вежбање некои 10 до 15 минути како крај на твојот тренинг.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.