криза за благо

Криза за благо

Нискокалорична опција кога ќе те фати криза за благо

Епизода 671 – Што да јадам ниско калорично кога ме фаќа глад и криза за благо? – прашање поставено од @m_jovanoska

Mинатата недела одговарав на слично прашање за замена за благо. Искрено мојот наједноставен одговор е да седнеш на google и да пишеш дали на македонски дали на англиски “благо со помалку од 150 калори”. Ќе ти даде милион рецепти. Или би ти ги препорачал протеинскиве чоколатца што ги јадам јас. но решението не е во тоа.

Луѓе кои што пребаруваат ниско калорично благо всушност мразат да губат време за да го подготват. Во принцип ниско калорично благо прават луѓе кои што веќе имаат здрав начин на живот и се хранат здраво. Едноставно имаат страст кон тоа да приготвуваат и измислуваат рецепти, креативни се и уживаат да го одвојат времето во кујна. Но повеќето од нас не сме такви. Особено не за благо кое претходно ти било достапно со трепнување на око :). Симни се до продавница, купи го и го имаш инстант задоволството во споредба со пола саат спремање. Луѓето кои што сакаат благо имаат став дека “здравото” не е такво благо какво што нивото тело или “душа” им го сака :).

Чаре?

Јас би ти рекол да не бараш рецепти за ниско калорично благо туку да бараш рецепти како да не дојде до кризите за благо. Тоа се случува зошто имаш нередовни оброци, неквалитетни оброци, телото не е задоволено нутритивно. Не е задоволено можеби калориски и со вода и тоа е огромен поттик да се случуваат флуктации на шеќер во крв кои што се изразени со потреба за брза енергија. Таа потреба за брза енергија ја бараме во благо или грицки или тесто или енергетски пијалоци или кафе затоа што мозокот препознава брза енергија во тие работи.

Така да рецепти имаш на google колку што сакаш за ниско калорично благо, но јас би одел со друг совет. Би ти препорачал прво да  вметнеш некои навики кои што нема да ти ги создаваат тие кризи за благо. Затоа што така е многу полесно да ги ракуваш. Или придружи ни се во школа за исхрана и среди си ја исхраната засекогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *