леб месо и риба

Леб месо и риба

Што ако изедеш леб со месо и риба

Епизода 642 – дали консумирањето на леб месо и/или риба е штетно? – прашање поставено од @_nikoll.ina

Мешањето воопшто не е штетно. Она што е дилемата кај повеќето од луѓето се гласини кои што ни се наметнати од порано. Кога се работи за мешање на месо или риба со јаглехидрати како што се леб, ориз, компир и паста е од причина што најчесто сме го среќавале во диети. Ни се промовирало како успешна стратегија за слабеење. И, ако сакаме да ослабнеме ни велеле дека мешањето на месо или риба со компир или ориз не треба да се случува.

Најчесто во диетите ни викаат јади или салата со месо и риба или јади ориз или компир или паста со салата, но никако заедно. Оваа теорија и стратегија во принцип е глупост за мене. Има логика доколку сакаш да слабееш и тоа да биде побрзо, но нема никаква логика дека ако ги мешаш нема да ослабнеш. Исто така нема логика дека е штетно. Не е воопшто штетно затоа што на крај на денот ти никаде во природата не наоѓаш едно нутритивни продукти. Речиси и да не постојат продукти кои што ќе ги земеш и имаат само видамин ц или само јаглехидрат или само протеин.

Дали можеш да ги раздвоиш комплетно

Индустријата тоа може да го направи, но природата ретко го прави. Ако ги погледнеш по состав било кој од продуктите па дури и во паста и во ориз и компир имаш најразлични комбинации. Има и витамини и минерали и растителни влакна и протеини. Така да природата не ги поделила.

Доколку сакаш забрзано слабеење има логика, но повторно не е штетно. На долг рок јас не би ти го препорачал. Лично јас ги правам тие комбинации и не се плашам. Стратегијата треба да ти биде насочена да бараш начин да не се здебелиш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.