лизин по вежбање

Лизин по вежбање

Дали суплементација на лизин по вежбање ќе придонесе за подобра регенерација

Епизода 694 – Што мислиш за употреба на лизин по вежбање? – прашање поставено од Гого

За оние кои што не знаете L-Lysine е аминокиселина која што телото не може да ја создава и мора да се внесе преку храна. Во ова модерно време ни се пласираат многу суплементи и се почесто ќе ја најдеме оваа киселна како прашок-суплемент. Многу од луѓето кога ќе видат суплемент сметаат дека ќе придонесе во атлетските перформанси односно во градење на мускулна маса. Едноставно сме читале и сме свесни дека протеините и аминокиселините ја прават таа регенерација. Но, кај лизинот има една друга приказна.

Она на што науката најмногу се фокусира е нејзиното дејство врз подобрувањето на здравјето на човекот. Тоа е аминокиселина која што може да доживува најмногу модификации во сигналниот механизам во телото. Она што на секому од нас му е најблиско и највидено е херпес. Оваа аминокиселина најдобро се справува со херпесот и често можеш да ја купиш како маст и да се мачкаш на места кај што избива херпесот или да се пие како сулемент.

Дали ќе ти помогне во градење мускули

Јас не успеав да најдам научни докази дека земањето на L-lysine ќе помогне во мускулната регенерација и подобрување на спортските перформанси. Многу повеќе научни студии има во друга насока. Затоа, не би ти рекол дека ќе имаш резултати, ниту пак  би ти рекол дека ќе немаш. Јас лично не ја користам, би се нафатил да користам глутамин и bcaa како аминокиселини кои што дефинитивно имаат улога во регенерација на мускулната маса и спортски перформанси.

Дури и да ја користиш ништо нема да згрешиш затоа што многу тешко можеш да ја предозираш. Контраиндикации речиси да нема, а и да се предозираш треба да внесеш многу поголеми количини од потребите дневни за да го направиш тоа. Од мене имаш зелено светло да користиш, но немај очекувања дека ќе направи нешто посебно во спортските перформанси.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.