мускулна маса

Мускулна маса

Дали ќе изгубиш мускулна маса додека слабееш

Епизода 650 – што е најважно при слабеење за да не се изгуби мускулна маса? – прашање поставено од @ndstojanova

Прва работа што сакам да ти ја потенцирам, доколку го одложуваш твојот процес на слабеење со намера прво да го најдеш начинот за како да не ја губиш мускулната маса, грешиш. Најдобро е прво да немаш вишок на килажа и тоа треба да ти биде цел по секоја цена. Реално е многу тешко да слабееш особено ако се работи за вишок над 10 килограми, а притоа мускулната маса да остане не променета.

Диети

Прво што би ти потенцирал за моментот не губење на мускулна маса, е да внимаваш како ќе го одбереш начинот на слабеење. Многу од вас се трудат да одберат начини преку диети со гладување. Притоа, со кратење на многу калории кои што создаваат огромен калориски дефицит се посреќувате само на вага. Но, тоа што те прави среќна на вага не значи дека ќе те направи среќна во изглед и во тоа како ти се чувствуваш. Најчесто луѓето од тие диети бегаат и чекаат да завршат, се со цел да почнат нормално да живеат и да се хранат. Затоа, премногу калориски дефицит и диети со гладување исклучи ги и не помислувај да бидат твојот начин на слабеење.

Нека биде еден оптимален начин на исхрана. На пример она што мене ми помогнало и што константно го промовирам со луѓето со кои што работам е да почнеш со појадок во првиот час од будење. Потоа распореди оброци на 3 до 4 часа, пиј доволно вода и почни го процесот.

Протеински фактор

Она што дополнително ќе ти помогне да не ја губиш мускулната маса е протеинскиот фактор. Во превод треба да внесуваш доволно протеини. Како тоа да го извагаш. Има една многу лесна формула. Општо прифатена формула за девојки е дека килажата треба да ја помножиш со 1.2. Тоа е некоја дневна количина на протеин која што тебе ти е потребна. Ова не значи дека секој ден треба да вагаш. Запазувајки да имаш поредовни оброци во текот на денот, голема е веројатноста дека ќе го постигнеш оптималниот протеински внес.

Вежбање со отпор

Последна работа која што е исто важна за негубењето на мускулна маса е после еден месец или два да почнеш да воведуваш тежински тренинзи. Не мора да биде тоа класично дигање на тегови. Било какви вежби кои што ќе ја вклучуваат макар и само твојата тежина е доволно. На YouTube имаш многу избор како тоа да изгледа и доколку ти треба помош слободно обрати ми се назад.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *