намали ги пмс симптомите

Намали ги ПМС симптомите

Намали ги ПМС симптомите – како исхраната ќе ти помогне

Нема жена што не ја интересира темата “намали ги пмс симптомите”. За секоја од нив периодот на циклус или недела претходно не е многу забавен. Симптомите кои ги имаат се глад, умор, емотивна надразливост и слично. Но тоа што месечниот циклус е дел од животот на жена, не значи дека не можете да ги подобрите симптомите. Постојат начини како да си го олесните тој период од месецот.

Не е целосно јасно зошто се појавуваат ПМС симптомите. Не јасно ниту зошто некои жени страдаат повеќе, а некои помалку. Најчесто доаѓа природно да ги обвините хормоналните промени на месечниот циклус. И тие се дефинитивно фактор, но се случуваат и промени во мозокот кои предизвикуваат различно расположение, кризи за храна и нарушено спиење.

Клучните фактори

  • Задршката на течности е исто резултат на хормоналните промени. Тие влијаат врз работата на бубрезите и автоматски балансот на вода и сол. Затоа избегнувајте грицки, супи, сувомесни производи и пијте големи количини на вода и незасладени чаеви.
  • Во месечниот период хормонот кортизол (стрес хормонот) се произведува во поголеми количини. Затоа апетитот се зголемува, а со тоа и желбата за мрсна, блага или солена храна. За да ги намилите овие симптоми зголемете внес на протеини и храна богата со растителни влакна. Тоа ќе ви даде ситост и стабилност на нивото на шеќер во крв. Зголемета со зеленчуци, месо, риба, јајца, моркови и јаткасти плодови.
  • Емотивната раздразнетост и нестабилност е резултат на намаленото ниво на сератонин кој е одговорен за вашето расположение. И повторно за да го покренете расположението некои жени посегнуваат по благо и грицки. За да го намалите овој симптом применете ги советите од двете претходни подточки и вметнете дневна физичка активност. Во почетокот на денот (барем 15 минути). Тоа поттикнува создавање на сератонин.

И се разбира, ова сепак не се техники што ќе ти гарантираат немање на никакви симптоми.

Остави коментар

Your email address will not be published.