нарушен естроген

Нарушен естроген

Како да се справиш со нарушен естроген поради диети или голем калориски дефицит

Епизода 679 – Како на природен начин да се среди нарушен естроген кој е намелен после 3 месеци калориси дефицит? – прашање поставено од @_cooking.k

Многу едноставно. Најчесто екстремниот калориски дефицит знае да направи вакви проблеми. Јас го имам видено кај мојата сестра.  Постојат различни случаеви и последици со хормоните. Кај некои девојки може да се случи естроген да се намали, кај други хормонален дисбаланс со повеќе учесници, кај трета девојка може во целост да се прекине циклусот итн.

Доколку се работи за 3 месеци калориски дефицит и притоа си детектирала брзо по појавата, тогаш можеш брзо да се вратиш на добар начин на исхрана и да го регулираш сето тоа. Исто се работи и за прекин на циклусот. За мене добар начин на исхрана претставува појадок во првиот пола час, оброци на 3 до 4 часа и доволно вода. На тој начин обезбедуваш доволно хранлива вредност и најверојатно ќе се среди брзо. Не те советувам и понатаму да си упорна со тоа да намалиш килажа со праволиниски калориски дефицит. Постои шанса никогаш да не закрепнеш.

Зошто се јавува ова

Овој проблем со хормоните не е ништо ново. Особено се јавува кај диети кои што имаат доста гладување или кај диети кој што одат со калориски дефицит праволиниски. Притоа, тоа се повторува секој ден. Кога имаш калориски дефицит значи дека највероатно во тие калории се кратат некакви хранливи вредности. Многу често се крати од есенцијални амино киселини и од есенцијални масти затоа што луѓето немаат доволно знаење и искуство. Притоа кога се крати на такви важни вредности настанува дефицит на градежен материјал во телото. Кога има дефицит на градежен материјал во телото не може да се создаваат и хормоните.

Ако хормоните ги гледаш хемиски тие се составени во најголемиот дел од протеини односно од амино киселини. Затоа кога недостасуваат особено оние 9 аминокиселини кои што мора да се внесуваат од надвор и телото не може да ги создаде, тогаш веројатноста е голема дека ќе се јави оваков проблем. Сепак, во овој случај нема простор за паника. Мислам дека проблемот ти е тазе. Воспостави добар начин на исхрана и не оди со калориски дефицит поголем од 300 калории на ден особено ако си под 20 години возраст.

Во оваа епизода зборувам како да ги најдеш твоите калориски потреби доколку не сакаш да доаѓаш на школа за исхрана кај што ќе го провериме тоа. Исто така овде зборувам за тоа кои се сите варијатнти на калориски дефицит и како можеш да правиш ротации.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.