најбезбедна вода

Најбезбедна вода

Дали постои најбезбедна вода за пиење

Епизода 658 – Која вода е најбезбедна? Флаширана, од чешма или филтрирана? – прашање поставено од @ivana

Oва го имам многу наназад зборувано, но тогаш прашањето за филтрирана не беше вклучено. Како и да е, вредеше повторно да го зборувам. Дополнително од тоа успеав и најдов поквалитетни студии и факти поврзани со ова.

Флашираната вода се појавува некаде во 70-ите години. Многу луѓе, тогаш почнале да се жалат од микробиологијата која што ја има во онаа вода која што тогаш доаѓала од чешма. Затоа и сеуште постои верувањето дека флашираната е во целост изолирана од било какви организми, што не е точно. Подоцна онаа од чешма почнува да се хлорира. Така се обезбедува да биде прочистена од тие органски молекули и бактерии што се создаваат во водата.

Од друга страна па има и студии кои што велат дека и хлорирањето на водата поттикнува создавање на други органски молекули. За нив дури има тврдења дека можат да направат проблеми со мочниот меур. Се поврзуваат со зголемена шанса за појава на рак на мочниот меур од 5 – 27 %.

Денес многу луѓе се лажат дека флашираната вода е далеку подобра од таа од чешма. Нема врска и нема ниту еден научен факт и студија која што вели дека флашираната вода е многу подобра опција од онаа од чешма. Исто е и со филтрираната. Знае да елиминира нешто од биологијата, но повторно луѓето често се мрзеливи и не ги менуваат филтрите редовно од апаратите или од оние садови кои што ги имаат за полнење на вода. Филтерот после одредено време може да биде дури и изворот на контаминација на водата.

Што би направил јас

Ако мене ме прашуваш што би одлучил, јас сум за вода од чешма. Постојано ја користам. По флаширана посегнувам додека патувам на подолги релации и кога не можам да застанувам често. Можеби во иднина би се нафатил да користам вода од чешма која што ќе помине преку оние филтри за вода или можеби садови кои што имаат филтри. Флаширана не користам затоа што дефинитивно знам дека не е ништо подобра од водата од чешма.

Дополнителна причина е тоа што многу производителите на флаширана вода се одговорни за тоа што имаме проблем со ефектот на стаклена градина и загадувањето на нашата планета Земја. Тие се едни од главните извори на пластика кое што завршува во океаните, во ѓубриштата и во каналите за атмосферска вода. Особено тоа е изразено во поднебја недисциплинирани и со ниска колективна свест за отпадот како нас. Така да мојот дефинитивен одговор е од чешма или можеби некаков додаден филтер, но не флаширана вода.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

 

Остави коментар

Your email address will not be published.