најголеми грешки со диети

Најголеми грешки со диети

7-те најголеми грешки со диети

Пред да ги дознаеш седумте најголеми грешки со диети, сакам да знаеш е дека добар изглед, енергија и здравје не е лесна задача. И нема ништо лесно. Ако беше лесно немаше да има огромен број на луѓе кои се мачат со вишок на килажа и со здравствени проблеми. Постојат многу “брзи” и “лесни” начини како тоа да го направите. Но, ако почнеме да броиме калории што внесуваме, да броиме калории што трошиме, да внимаваме на времето, да се воздржуваме кога сите други јадат, да бидеме константни, да поченеме со вежбање итн. ќе разбереме дека тоа се и оние работи од кои што и најчесто луѓето се откажуваат и/или враќаат килограми.

И, на сето тоа ако го додадеме моментот дека постојат многу нутриционисти, советници, тренери и компании. Сите они својата диета, продукт и начин го промовираат како најдобар. Згора на тоа и сакаaт да звучат паметно, па понекогаш со намера ги комплицираат работите – уште со латински термини да почнат да се обраќааат :). Tогаш доаѓаме до шах мат позиција и не знаеме кој пат да го фатиме па најдоброто решение ќе биде: “еднаш се живее”.

Бидејќи најчесто работам со луѓе кои бараат корекција во изгледот и вишокот масти, забележав неколку работи кои се речиси слични за сите, а потекнуваат од болката и неможноста да ослабнат или стопат сало и целулит. Следниве 7 работи се најчести и заеднички за луѓе кои “никако не можат да ослабнат”.

 

  • Кратење и прескокнување оброци. 

    Многу луѓе мислат дека со тоа што ќе прескокнат оброк или меѓуоброк ќе скратат на калории и ќе ослабнат. Вистината е дека ќе дојде до прегладнување и се разбира прејадување. Кратење калории е најдобра стратегија за дебелеење и доаѓање до заклучокот “вода пијам и ми си фаќа”. Оброците според мене треба да се распоредени на не повеќе од 4 часа.

  • Немање доволно протеини. 

    Често среќавам луѓе кои ги помешале здраво со правилно. Или пак следат некој начин на исхрана како УН диета кој што има овошни, протеински, водени денови. Или има диети кои што промовираат само овошје во првиот дел од денот, само зеленчук можеби и слично. Со тоа се случува да се’ изоставува протеин или масти што всушност е најголемиот убиец на глад  затоа што е природен регулатор на шеќер во крв.

  • Немање доволно јаглехидрати. 

    Уште една погубна стратегија е целосоното укинување на јаглехидрати и/или шеќери затоа што така побрзо ќе ослабнеш и шеќерите се криви за салото. Со избегнување на јаглехидрати воедно избегнуваш и многу здрави јаглехидрати кои ги има во овошјата и зеленчукот. Заедно со нив избегнуваш и многу антиоксиданси и растителни влакна кои се клучни за одвивање на процесите во телото.

  • Лажење на сам себе. 

    Како одговораш на прашањата: дали пиеш сок, дали јадеш благо, колку кафиња пиеш, колку вода пиеш и слично. Одговараш со ДА, НЕ или НЕ МНОГУ? Тоа не значи дека си вистиснки свесен навистина што правиш во твојот ден и како се храниш. Почни да водиш дневник за твојот ден во рок од 21 ден и ќе ја видиш реалноста.

  • Подлегнување на “здрав маркетинг”. 

    Доколку во маркет видиш етикета на која пишува “healthy ” ”wellness” ”no sugar” ”source of health” “source of protein” “vita” “fit” “fitness” “sport” и најразлични фрази, не значи дека е всушност и здраво. Провери ги етикетите и доколку не можеш да ги разбереш оди на следниов линк.

  • Менување се’ одеднаш. 

    Ако си решил/а да почнеш промена не менувај се одеднаш. Обично луѓето во исто време почнуваат диета, пијат вода многу, одат на вежбање, уплаќаат третман, не одат на забави и друштвени собири итн. Премногу промени одеднаш не е можеби најдобрата стратегија. Прашај се дали реално имаш капацитет да го поднесеш сето тоа одеднаш. Дали можеби ќе речеш “налет” после само 3 недели :). Ако не знаеш да жонглираш ниту со 2 топчиња, тогаш почни со 2, а не со 5 одеднаш.

  • Очекувања. 

    Тоа што ти мислиш дека треба да ослабеш за 3 месеци и тоа што ти очекуваш некаква бројка на вага е само одлична основа да се разочараш. Остави ги бројките, остави го времето, остави ги другите и уживај во играта и процесот!

Дојди на школа за исхрана и среди си ја исхраната за секогаш!

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *