најдоброто млеко

Најдоброто млеко

Најдоброто млеко – што ако стандардното кравјо не ми годи

Подуеноста или неподнесувањете на млечните продукти може да биде доста здодевно кога треба да се избира храна и нејзина подготовка, но како да го најдам најдоброто млеко. Доколку за некој од вас е дојдено време на менување на начинот на исхрана ова знае да биде здодевен предизвик.

Кравјото и козјото млеко се одличен извор на протеин, но некои луѓе не можат да го толерираат. Им создава подуеност и тегоби. Млекото од бадем на пример е одлично за дигестија и има малку калории, но нема доволно протеин. Истото се случува и со млекото од ориз и млекото од соја во прав — немаат доволно протеин. Сојното млеко во тетрапак е одлично по состав, но затоа и цената му е одлична :). И ако забележавте секаде има “НО”. Па како да направите едноставен избор?

Протеинот како клучен фактор

За оние со толеранција на лактоза слободно избирајте кравјо млеко или уште подобро козјо. Обезбедуваат 7–10 грама протеин во една чаша и речиси третина од дневните потреби за калциум. Сојното тетрапак млеко според мене можеби е и најдоброто млеко затоа што нема холестерол воопшто, има незаситени масти и омега 3, има добра количина на протеин, малку калории и нема лактоза (што всушност го прави проблемот со подуеност и тегоби). За оние со нетолеранција на лактоза добар избор може да биде и млеко без лактоза.

Бадемовото млеко, исто како и сојното нема холестерол и лактоза, не е калорично, но содржи премалку протеин — околу 1 грам во 1 чаша. Ова млеко може да го користите како додаток во вашиот омилен пијалак или шејк бидејки е збогатено со калциум.

На крај да ги спомнеме оризово, овесно и млеко од коноп. Овие 3 се добри ако ги гледаме од страна на холестерол и лактоза. Нема. Збогатени се исто така со калциум како и сојното, но повторно изостанува протеинот, што по мене треба да биде број 1 фактор кога правиме избор. Овие типови млеко може да бидат од друга страна добра замена за погоре спомнатите млека кај луѓе кои имаат алергии на лактоза, соја и јатки. Исто така немаат глутен, со исклучок на овесното млеко.

И еден интересен податок за кој можеби не знаевте е млеко од камила :). Оваа година почна да се појавува низ маркетите во Обединетото Кралство, но за него сеуште немам знаење и искуство да споделам.

Остави коментар

Your email address will not be published.