несоница после вежбање

Несоница после вежбање

Зошто се јавува и како да се справиш со несоница после вежбање

Епизода 670 – Како да се заспие после вечерни тренинзи, телото уште го мава адреналин и има несоница после вежбање? – прашање поставено од @maic__gj

Не само што го мава адреналин, туку тука одговорни се и други хормони. Во принцип, многу поодговорни за оваа состојба ти се кортизол и норепинефрин. Сите три хормони се оние кои што не ти даваат да спиеш. Кортизолот можеби ти е познат, и тој најголема вредност доживува некаде 30 минути после будење. Тоа е всушност хормонот што не’ буди. Многу често луѓето што се попладневно активни особено со тренинзи како крос фит, функционален фитнес, високо интензивни тренинзи (HIIT) и слично, го носат овој хормон до граници и количини како што го има после будење. Затоа е тешко да се заспие.

Адреналинот е исто присутен, но тој е најмалку одговорен. Адреналинот може брзо да се спушти во количините кои што се потребни за спиење. Норепинефринот од друга страна е хормон кој што може денес нема да ти направи проблем, но ќе ти направи проблем следниот ден. Во вторите 24 часа многу повеќе ќе влијае на твоето неспиење.

Протеин

Прва работа многу е важно што правиш после тренингот. Овие сите хормони, особено кортизолот се јавуваат затоа што му се случува на телото физички стрес. При сериозна физичка активност доживуваме големи напрегања и затоа е многу важно после вежбање да ја почнеш регенерацијата на твоето тело и мускули. Тука најмногу одговорен ќе биде протеинот. Јас би ти препорачал протеински прашок или шејк затоа што тоа е побрз начин како во крвотокот да влезат хранливи вредност и да ја почнеш регенерацијата.

Вечера

Второ, за вечера треба да имаш зеленчуци и протеин. Тоа значи дека ќе обезбедиш доволен градежен материјал и антиоксиданси  кои ќе помогнат за таа регенерација и справување со стресот.

Енергетски стимуланси

Трета работа која што би ти ја напоменал е користењето стимуланси. Дали пред попладневното вежбање користиш нешто што соджи кофеин, или l-carnitine, креатин и.т.н? Тоа се стимуланси кои што даваат енергија и дополнително од покачените хормони имаш уште една причина и предизвикувач на несоница.

Хидрација

Четврта работа е хидрација. Дехидрацијата одмага во намалување на температурата на телото кое што е повторно причина зошто не можеш да заспиеш.

Стрес на работа

Петто што би ти спомнал е како изгледа твојот животен стил кога не вежбаш и дали се справуваш со поголем стрес во секојдневните обврски. Многу луѓе со начинот на кој што живеат и работат си создаваат стрес. Не се моќни да контролираат како реагираат на надворешните дразби и ситуациии. Дополнително многу луѓе мислат дека вежбањето е она кое што ќе ги ослободи од стресот, и ти за момент се ослободуваш и се “испукуваш”, но тоа значи дека дополнително додаваш нешто за влијание на твоите хормони.

Затоа ако немаш доволна контрола на твојот животен стил и стрес пробај вежбај наутро пред да одиш на работа па многу подобро ќе го контролираш стресот на работа затоа што ќе бидеш “испукана”. И за крај, пробај да си помагаш со јога и медитација и со ладен туш после вежбање така побрзо да го ракуваш тој физички стрес кој што му се случува на телото.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.