овојше како замена

Овошје како замена

Овошје како замена за благо – ќе ти ги реши ли кризите?

Епзода 687 – дали овошје како замена за благо е во ред? – прашање поставено од @brigittepavlovski

Ако гледаме од перспектива дека овошјето носи природни шеќери, дека носи растителни влакна витамини / минерали, тогаш е во ред. Но, има и една друга перспектива која што е многу поважна. Ако мене ми се јаде благо, а јас се обидувам да го сменам изворот на благо и притоа внесувам иста количина на шеќери како и со претходното нешто, тогаш ништо не менува.

Без разлика каков е изворот на шеќер ако количината е иста, ти повторно ќе имаш брза метаболизација на тие шеќери. Повторно ќе имаш скок на шеќерот во крвта повеќе од што треба. Повторно ќе имаш активација на хормонот инсулин кој што е подоцна тригер за активација на други хормони. Истово ова подоцна придонесува да ти се јаде повеќе благо. И сето ова повторно те носи во оние состојби кој што подоцна го окривуваме за покачена телесна тежина, немање енергија, немање концентрација и.т.н.

Што е поважно од изворот

Овие денови неколку пати имав дебата со луѓе бидејки објавив производи за кој што сметам дека воопшто не се здрави. Причината беше тоа што имаат преголема количина на шеќери. Нивниот аргумент беше дека тој шеќер доаѓа од овошје како урми или смокви и има многу разлика. Тоа е супер и дефинитивно овошните шеќери се подобри од рафинираните, но повторно ако ти внесуваш големи количини и добиеш дијабет воопшто нема да ти е важно дали е витаминизиран диjабет :).

Проблемот на прво место е зошто ти се јавуваат потребите за благо. Тоа најчесто е незадоволувањето на телото со калории и со хранлива вредност. Нема доволно протеини во текот на денот, нема доволно масти, јаглехидрати, витамини и минерали. Притоа телото бара брза енергија особено изразено во вториот дел од денот. Таа брза енергија мозокот наш ја препознава во брзи шеќери како грицки, благо и.т.н.

Макар и да е овошје, секој од нас знае кое е подобро благо. Многу е подобро да имаш сензација од некое чоколадо, од некое добро благо, отколку од овошје. Да не се лажеме што е повкусно. Затоа замената со овошје не е одржлива. Ти бараш вкус за благо, а не бараш замена. Ако зборуваме за тоа колку овошје треба во текот на денот за да не се претера, јас би рекол да не бидат повеќе од  три парчиња во текот на денот. Повеќе од тоа е повторно потенцијал дека ќе внесеш повеќе јаглехидрати отколку што ти е потребно без разлика дали се добри или природни и од каде доаѓаат.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.