омега 3 во зима

Омега 3 во зима

Омега 3 во зима или во текот на цела година

Епизода 693 – Дали треба да има менување и регулација на количната на омега 3 во зима?

Mногу луѓе веруваат дека омега 3 во месеци со ‘р’ треба да се венесува повеќе. Дури и некои луѓе веруваат дека исклучиво само тогаш се потребни. Сепак нема никаква  логика за тоа. Оваа претпоставка доаѓа затоа што се сметало дека во ладните месеци е потребна подобра еластичност на крвните садови. По логиката дека на ладно телата се стеснуваат некој си заклучил дека и крвните садови се стеснуваат. Па така се раѓа заклучокот дека им треба некаква поддршка што ќе помогне. Иако јас никогаш не сум верувал во ова сепак проверив и повеќе, но и научно не најдов да постои никаква основа.

Што се менува со менување на сезоните

Телото константно одржува 37 степени целзиусови внатрешна температура. Таа не се менува без разлика дали надвор е топло или ладно. Омега 3 и било кои други хранливи вредности му се потребни на телото секојдневно. Единствено промени во количините постојат кај микронутриентите во зависност од сезоната. Одредени витамини и минерали е потребно повеќе да се внесуваат во месеци кој што се поладни и во кои што денот е пократок. Такви на пример се витамин Д и Ц, но за омега 3 тоа не е важно.

Не верувај на такви тези. Верувај дека на твоето тело секојдневно му требаат сите хранливи вредности, вода и кислород. Тоа се трите работи кои што се потребни за да се создава енергија во телото и да се оптимизира метаболизмот. Тоа ќе остане засекогаш најверојатно така, така да имаш зелено светло во текот на целата година користиш омега 3. Моја топла препорака е тоа да го правиш затоа што многу важни масни киселини има во омега 3 кои што се викаат EPA и DHA.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.