палента

Палента

Факти за палента

Епизода 661 – Што ќе кажеш за палента? – прашање поставено од @ace.kotev

Нема што да кажам и да зборувам овде. Палентата би ја издвоил како одличен продукт. Не знам дали знаеш, палентата доаѓа од пченка, но не се работи за онаа свежа пченка. Всушност таквата пченка на пример е ризична за луѓе кои се сензитивни на глутен. Истата може да загрози состојба кај луѓе со целијакија и кај луѓе што се супер чувствителни и интолерантни на глутен.

Се смета дека пченката во оваков производ, односно во оваква форма како што е палентата е супер дури и за луѓе кои се сензитивни на глутен. Има само еден протеин кој се вика zein и кој што повторно може да направи тригер на сензитивноста на глутен но тоа е дискутабилно. Најчесто не прави и затоа е добра палентата да се користи и кај овие луѓе.

Кога и како да се користи

Исклучително е добра за луѓе кои што можеби сакаат да покачуваат мускулна маса и се во оној генетски тип ектоморф. Прилината е големата количина на јаглехидрати која што ја има и од друга страна има мала количина на масти. Значи палентата има голема количина на добри јаглехидрати. Исто има и многу мала количина на протеин, но затоа се препорачува комбинација на палента и извор на протеин како јогурт, сирење, урда, месо и.т.н.

Затоа користи ја само со претпазливост доколку треба да намалиш телесна тежина. Јас не би ја препорачал за попладне и навечер за луѓе кои што сакаат да намалуваат масти. Дефинитивно е супер како опција во првиот дел од денот за ручек, наместо паста, ориз или компир. Идеална и поради нејзината висока количина на растителни влакна. Така да е супер, но ако е целта намалување на масти не би требало да ја имаш попладне и навечер.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.