Пауза помеѓу оброци

Пауза помеѓу оброци

Колку пати да јадеш дневно и колку пауза помеѓу оброци е доволно

Епизода 625 – Колку пауза помеѓу оброците е правилно да има? – прашање поставено од @tea.stojanovska.77

Имам едно правило кое што јас сум го прифатил и кое што мене ми дало резултати на прашањето колку пауза помеѓу оброци е доволно. Тоа правило вели дека без разлика кога и да се будам го имам појадокот најдоцна во првиот час после станувањето. Потоа распоредувам оброци и оние паузи за кои што зборуваме ми траат можеби 3 максимум 4 часа. Тоа правило сум го прифатил од причина што логично ми било дека со редовност на оброци нема да дозволам да прегладнам. Како резултат на тоа нема да дозволам да падне нивото на шеќер во крвта.

Јас порано јадев 2 пати дневно. Всушност таа нередовност на оброците ми правеше да посегнам по глупости како благо, грицки и слично. Со редовноста, веројатноста дека ќе прегладнеш и посегнеш по junk food е мала. Од друга страна веројатноста кога имаш редовност на оброци да внесеш голема хранлива вредност е голема. Затоа тоа е мојата победничка стратегија.

Кој го измисли ова

Ова не е нешто што треба секој да го применува. За мене звучело логично и до ден денес ми функционира. Природата, нас како бебиња не’ создала да цицаме често. Снабдувањето на метаболизмот со хранлива вредност е многу подобро да биде на таков начин иако нема да згрешиш и ако имаш 3 оброци во текот на денот и да имаш паузи од 5 часа. Е сега, во таков случај треба да предвидиш оброкот да биде покалоричен и со подобра хранлива вредност.

Нема точно правило колкави треба да бидат паузите. Тоа исклучуво зависи од твојот дневен биоритам и можности. За мене дефинитивно можам да ти кажам дека функционира ова погоре и јас го препорачувам на луѓето со кои што работам. Така да појадок и паузи од 3 до максимум 4 часа е нешто што можеш да го пробаш, се надевам дека ќе ти даде супер резултат.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.