поправање

Поправање или здебелување

Која е разликата помеѓу поправање и здебелување

Епизода 703 – имам 11 години, 140 цм и 40 кг и многу сум слаба па сакам да знам како да постигнам поправање. Постојано јадам нездрава храна но никако да покачам килограми. – прашање поставено од @Анелија

Прва работа што мораш да ја знаеш е дека со нездрава храна не можеш да постигнеш никаква цел. Минатата недела зборував за skinny fat. Tоа се луѓе кои немаат некој вишок на килограми, а јадат се’. Најчесто им љубомориме и доколку некој од вас е во таа група, тогаш да знае дека нема да го најде решението  во “junk food”.

Јадењето на нездрава храна како благо, грицки, сендвичи нема да ви помогне да се поправите туку да се замастите. Телото за да покачи килажа на правилен начин, му треба правилен градежен материјал. Свесни сме дека нездравата храна не е правилниот градежен материјал.

Од каде да почнеш

Ако мене ме прашуваш јас би те советувал прво да провериш колку твоето тело во 24 часа согорува калории. Па ако на пример на овие години и на оваа конституција, твојот базален метаболизам е 1000 калории ти би требало да одиш во суфицит. Тоа значи да покачиш 500 или 1000 калории повеќе. Количината ќе зависи од тоа какви ти се активностите во текот на денот. Е сега, тие 2000 калории треба да бидат со добри хранливи вредности. По мене, тоа подразбира да има 50-60% јаглехидрати, 30% протеини и остатокот се разбира масти и витамини и минерали како микронутриенти.

На тој начин ќе го поттикнеш телото да добива вишок на калории, но од правилните извори. Исклучиво само на тој начин може да се поправаш. Но сепак не брзај. На 11 години, твоето тело е сеуште во развој така да не е изгубено ништо, тек си на почеток на животот. И во следните 5 години да е оваква ситуација почекај нека застане растот, развојот и издолжувањето на коските. Само те молам немој да го правиш тоа со нездрава храна затоа што особено е важно сега во твојот раст и развој да даваш добар градежен материјал. Баш сега ти е најпотребно.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.