продукти за кожа

Продукти за кожа

5 најважни факти и продукти за кожа

Епизода 695 – најдобар избор на продукти за кожа и нејзино одржување во добра кондиција – прашање поставено од @marijatanaskovska.

Она што дефинитивно е сигурно е дека исхраната влијае на кожата. Тоа е нашиот најголем орган и многу е жално што луѓето најчесто бараат решение од надвор кога ќе се случи проблем. Се потпираат исклучиво на третмани, креми и.т.н. Тоа е сосема во ред, но забораваат на оној дел кој е поважен, а тоа е што од внатре добива кожата. Сепак, најголем дел од храната што ја добива кожата е тоа што ние го внесуваме преку уста, како и за сите органи во нашето тело.

Би издвоил 5 работи што по мене се најважни. Тоа не значи дека нешто би исклучиле од исхраната. Се е важно!

УВ зраци и заштита од нив

УВА и УВБ зрачењата создаваат слободни радикали и ја оштетуваат кожата. Затоа употребувај креми за лице и/или тело. Препорачливо ако можеш користи природна козметика која нема парабени и сулфати и која што има заштитен фактор од УВА и УВБ.

Антиоксиданси

Тие се борат против слободните радикалии и ќе го намалуваат оштетувањето кое го нанесуваат.

Пробиотици и пребиотици

Здравјето на дигестивниот систем е многу важно за здравјето на кожата. Она за што многу повеќе ќе слушаме во иднина е употребата на пробиотици и пребиотици за кожа. Исто како што микробиомата и милионите бактерии во нашиот тракт се потребни за одржување на целокупниот систем на телото, така е важно и за кожата. Кај неа постои микробиота, односно милиони бактерии кои што живеат на нашата кожа. Тие се одговорни за нејзиното здравјето. Науката сеуште нема најдено продукти за кои што може да потврди дека употребувајки ги како пребиотици и пробиотици ќе придонесат кон кожно здравје.

Хидрација

Водата е таа што го хидрира нашето тело а хидратацијата е од големо значење за кожата.

Колаген

Научни истражувања велат дека доколку се користи колагенот како суплемент, ќе имаш 8% поголема еластичност од луѓе кои што не користат.

Така да тие се работи што би ги издвоил, но тоа не значи дека ги исклучуваме останатите. Целокупната добра исхрана со протеини, јаглехидрати, масти, витамини и минерали, и вода заедно со физичка активност неминовно ќе влијае позитивно врз здравјето на твојата кожа.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

2 Comments

  1. ova e super kazano ona e toa sto treba za kvalitetna zdrava koza kako najgolem nadvoresen organ no treba da se napomeme(isfrlanje na toksini) deka faktori koj treba da se pogrizime za isfrlanje na toksini se.
    1.filtracija na bubrezi…
    2.dobar protok….
    3.potenje….
    😉

    1. Author

      Potpolno se soglasuvam i zatoa napomenav deka ne podrazbira deka ostatokot od ishranata i navikite treba da se isklucat :). Se e vazno.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *